Кај магнетните треба да се потрудиш само да ти биде чист покривот и да ти бидат чисти магнетите. тоа не е така страшно. Кога одиш на скијање ги монтираш на кола и не ги вадиш на паркинг. Ептен треба некој да ти го је*е покривот, за да може да ти ги украде, а ако ти ги украде, пак ќе му треба клучето за да ги користи. Што се однесува до позицијата на покрив, со мало „вежбање“ ќе научиш која ти е идеална за твојот покрив и скии, и после е лесно. Квалитетните магнетни држачи се навистина скапи, ама и си ги вредат парите. Поготово оние што имаат TUV цертификат за возење со нормални брзини
За вадење дома или на паркинг ако баш сакаш, едноставно е, повторно ќе кажам со квалитетните држачи. на самите магнетни плочи си има место за да потегнеш и да го одлепиш магнетот. Овие квалитетни магнетни држачи имаат силиконски мек слој врз магнетот, за да не ти ја гребат каросеријата.
Јас имам вакви и сум многу задоволен, а инаку и јас бев скептик за магнетни држачи, откако еднаш си го загребав покривот на самарата со некои позајмени неквалитетни.