Автор Тема: CAR Magazine: 50 greatest cars of the past 50 years!  (Прочитано 7139 пати)

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3463
Одг: CAR Magazine: 50 greatest cars of the past 50 years!
« Одговори #15 на: 06 Октомври 2012, 14:00:20 pm »
Кои се твоите исклучоци баш ме интересира?

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Одг: CAR Magazine: 50 greatest cars of the past 50 years!
« Одговори #16 на: 06 Октомври 2012, 14:18:36 pm »
Би ги тргнал:

- Renault 4 - никад, ама никад не сум го сакал
- Ariel Atom - Реално, нерелевантно возило.
- NSU Ro80 - See above. Мазда RX-моделите се многу поважни за роторните возила.
- Fiat Panda - Кул возило, ама би го заменил со Fiat 500.
- Lotus Elan - Едноставно не го гледам како релевантно возило.

Место нив, на местата би се нашле:

- Fiat 500
- Mercedes W123
- Volkswagen Буба
- BMW 2002
- Honda Integra Type-R

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: CAR Magazine: 50 greatest cars of the past 50 years!
« Одговори #17 на: 06 Октомври 2012, 14:20:19 pm »
Нема врска што возам опел, реков дека рекордот заслужува да биде во оваа листа, тој дури се правел и да биде конкуренција на американските мустанзи и челинџери. Исто така се согласувам и со карпатиан за бубата, таа е колата на изминатиот век, креирана од Фердинанд Порше, кој воедно речиси сите технолошки откритија ги има откриено, кој потоа ги има продавано на француските компании. Како за пример, торзионите полуги кои се вградувале (незз дали уште се вградуваат) во реното, се измислени од фердинанд порше.

И да, цитроен ДС е тој што не се тумба, за рено 4 не сум сигурен. Тоа е, ја не дека во целост не се согласувам со листава, али има возила кои заслужуваат да стојат тука, опел тогаш бил поим за возило

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: CAR Magazine: 50 greatest cars of the past 50 years!
« Одговори #18 на: 06 Октомври 2012, 14:58:05 pm »
Мене одлична ми е листава, и не би тргнал ништо особено не Атом, Рено4 или Панда.

А Опел јасно е дека нема да го има на листава...
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3725
Одг: CAR Magazine: 50 greatest cars of the past 50 years!
« Одговори #19 на: 06 Октомври 2012, 15:13:18 pm »
Треба да ја има Бубата во листата и Цитроен ДС да биде меѓу топ 10.

Не можам да се сетам на ниеден Опелов модел кој има некој си култен или легендарен статус за да го има на списоков.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: CAR Magazine: 50 greatest cars of the past 50 years!
« Одговори #20 на: 06 Октомври 2012, 16:35:29 pm »
Ајде сеа, ако опелите од 70 тите години не чинат незз што чини, сеа ова испага дека ја имам опел, поточно воксал, али ипак тоа е кола правена по теркот на опел и затоа се нервирам, а вие го нејкете опел па се радувате што го нема.
До пред некое време имав доста списанија од автомагазин мислам и на едно од списанијата се претставуваше опел инсигнија, на почетната страна имаше слика од инсигнија и од 2 модела на рекорд и насловот гласеше: ''Хитовите од минатото се сретнаа со наследникот''. После во текстот се збореше дека опел со моделот рекорд во тоа време забележал продажба на речиси 2 милиони парчиња, што за тоа време е импресивна бројка, кола која важела со неуништлив мотор и елеганција.

Ајде опел да го тргнеме на страна, со што заслужува рено 5 да стои во оваа листа, а не легендарното пежо 204 или 404 ?

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: CAR Magazine: 50 greatest cars of the past 50 years!
« Одговори #21 на: 06 Октомври 2012, 17:07:29 pm »
Би ги тргнал:

- Renault 4 - никад, ама никад не сум го сакал
- Ariel Atom - Реално, нерелевантно возило.
- NSU Ro80 - See above. Мазда RX-моделите се многу поважни за роторните возила.
- Fiat Panda - Кул возило, ама би го заменил со Fiat 500.
- Lotus Elan - Едноставно не го гледам како релевантно возило.

Место нив, на местата би се нашле:

- Fiat 500
- Mercedes W123
- Volkswagen Буба
- BMW 2002
- Honda Integra Type-R

Морам да те исправм за ренолчето! Изгледа како када превртена, внатре се осеќаш како во арабачиска кола, дува од сите страни а ако влезеш во кривина со повеќе од 80 треба да се држиш за џамот за да не паднеш на совозачкото седиште или излеташ низ врата.

Меѓутоа, по кул возило од Рено не сум возел нити ќе возам. Си имаше своја душа,! Одиш каде сакаш, небаре си во сув, троши исто, 7 литра на 100 со приколка, без, товарено или празно, можеш да легнеш внатре некое дунде комотно (само да не го заборавиш менуваќот во рикверс), можеш да си ја однесеш машината или фрижидерот на мајстор без никаков проблем, не го заклучуваш пошто и онака секој може да го отвори со едноставно буткање на прозорчето, не троши масло, ретко се расипува, оди и по 500 000 км со редовно одржување, не треба да го фарбаш пошто секако крилата нон стоп ти скапуваат, не се грижиш дали те удрил некој пошто лимот се исправаше со рака, консумира секаков тип на гориво освен дизел, пали као чакмак и зимо и лете, не мораш да се соблекуваш или облекуваш во кола пошто надворешната температура е сосема еднаква на температурата во возилото, заменува градско возило, возило за забава и оф роуд возило, товарно возило а по потреба и патничко возило на пократки релации.

Едноставно сенаменско возило кое имаше свој единствен стилл и препознатливост!

Едноставо многу нуди а малку бара !  ;D

Да не дојде до забуна, погоре изнесеното се однесува за Рено 4 ГТЛ !  :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: CAR Magazine: 50 greatest cars of the past 50 years!
« Одговори #22 на: 06 Октомври 2012, 18:07:37 pm »
Листава ја спремаат можеби најдобрите автомобилски новинари во светот.

како Миленко и Латас да ја спремале...  ;D

ова е револуција на времето,неможеш да го истумбаш ;D

Тоа е за Цитроен ДС, Рено4 се тумба како Спарк  :) . Дури два пати сведок.

Во секој случај, освен со некои ситни исклучоци и некои пропусти, се слагам со листава.

From my point of view, quite the opposite.

Би ги тргнал:

- Renault 4 - никад, ама никад не сум го сакал

Оуууу, го сакал ти или не возилото е едно од The Greatest

Место нив, на местата би се нашле:

- Fiat 500
- Mercedes W123
- Volkswagen Буба
- BMW 2002
- Honda Integra Type-R

Се слагам, освен за Фиат 500.

А Опел јасно е дека нема да го има на листава...

Haters gonna hate. Исто како што Грците викаат Македонија нема да ја има на ниедна листа. Но со причина. Поточна аналогија здравје.

Ај да не коментирам понатаму на темава. И ова што го пишав е многу.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: CAR Magazine: 50 greatest cars of the past 50 years!
« Одговори #23 на: 06 Октомври 2012, 18:16:30 pm »
Абе ајде...Ford Focus. Мислам супер количе, ама колку нема врска на листава да стои.

Втора работа Бубата ја нема, ако веќе го има Спачекот. Двата се направени пред војната (Втората светска) и почнаа со производство после завршетокот на Втора...што значи не се баш 50 години  ;)

Алфасуд беше прогласена за најлоша Алфа на сите времиња :) така што повеќе овде би требало да стојат други модели на Алфа...Јас би играл на 155, 156...што ја вратија Алфа од лошиот период.

Друго не би се согласил за DS, Mustang каде да стојат ама ајде...нека им биде :) Требаше повисоко




Хмм...фокус одсекогаш бил еден вид репер у класата...уствари океј Голеф е тука, ама возењето на Фокус e неверојатно...управлисвоста анд олл дет стаф

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: CAR Magazine: 50 greatest cars of the past 50 years!
« Одговори #24 на: 06 Октомври 2012, 18:20:05 pm »
Па тебе те чекам фаланга, дај малце тука ангажирај се, глеаш ја сам неможам да докажам тука, рено 5 чини за да го има во кола на изминатите 50 години, а опел рекорд кој рекорди рушел пред 30 години го нема  :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: CAR Magazine: 50 greatest cars of the past 50 years!
« Одговори #25 на: 06 Октомври 2012, 18:21:29 pm »
Па тебе те чекам фаланга, дај малце тука ангажирај се, глеаш ја сам неможам да докажам тука, рено 5 чини за да го има во кола на изминатите 50 години, а опел рекорд кој рекорди рушел пред 30 години го нема  :)

Не ме спомињај, никогаш не сум пишал тука... јасно?

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: CAR Magazine: 50 greatest cars of the past 50 years!
« Одговори #26 на: 06 Октомври 2012, 18:26:55 pm »
ахахха ок  :D

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2701
  • Слобода или смрт
Одг: CAR Magazine: 50 greatest cars of the past 50 years!
« Одговори #27 на: 06 Октомври 2012, 23:41:56 pm »
Навистина опел има автомобили кои заслужуваат да се најдат на листата посебно пред некои од типот на панда фокус рено 4 и слични..

Пред се гте, омега и калибра дефинитивно заслужуваат бар еден од тие да има на листата. 

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2701
  • Слобода или смрт
Одг: CAR Magazine: 50 greatest cars of the past 50 years!
« Одговори #28 на: 06 Октомври 2012, 23:48:30 pm »
Треба да ја има Бубата во листата и Цитроен ДС да биде меѓу топ 10.

Не можам да се сетам на ниеден Опелов модел кој има некој си култен или легендарен статус за да го има на списоков.
Штета што неможам да дојдам утре на собир бидејќи зафатени сме дома со работа преку глава инаку ќе видеше дали опел има или нема модел со култен статус.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: CAR Magazine: 50 greatest cars of the past 50 years!
« Одговори #29 на: 07 Октомври 2012, 00:02:14 am »
Штета што неможам да дојдам утре на собир бидејќи зафатени сме дома со работа преку глава инаку ќе видеше дали опел има или нема модел со култен статус.

+1111111111111111111111111111111
Кадетот Ц кој уште 1 година ке слави 40 години од неговото претставување има дизајн и линии подобри од некои денешни модели, слободно отворете слики и ке видите каква линија има од почеток на хауба па се до гепек, со заоблени делови и слично, а денес и по 40 години се праат коли со глуп изглед и дизајн.