Би ги тргнал:
- Renault 4 - никад, ама никад не сум го сакал
- Ariel Atom - Реално, нерелевантно возило.
- NSU Ro80 - See above. Мазда RX-моделите се многу поважни за роторните возила.
- Fiat Panda - Кул возило, ама би го заменил со Fiat 500.
- Lotus Elan - Едноставно не го гледам како релевантно возило.
Место нив, на местата би се нашле:
- Fiat 500
- Mercedes W123
- Volkswagen Буба
- BMW 2002
- Honda Integra Type-R
Морам да те исправм за ренолчето! Изгледа како када превртена, внатре се осеќаш како во арабачиска кола, дува од сите страни а ако влезеш во кривина со повеќе од 80 треба да се држиш за џамот за да не паднеш на совозачкото седиште или излеташ низ врата.
Меѓутоа, по кул возило од Рено не сум возел нити ќе возам. Си имаше своја душа,! Одиш каде сакаш, небаре си во сув, троши исто, 7 литра на 100 со приколка, без, товарено или празно, можеш да легнеш внатре некое дунде комотно (само да не го заборавиш менуваќот во рикверс), можеш да си ја однесеш машината или фрижидерот на мајстор без никаков проблем, не го заклучуваш пошто и онака секој може да го отвори со едноставно буткање на прозорчето, не троши масло, ретко се расипува, оди и по 500 000 км со редовно одржување, не треба да го фарбаш пошто секако крилата нон стоп ти скапуваат, не се грижиш дали те удрил некој пошто лимот се исправаше со рака, консумира секаков тип на гориво освен дизел, пали као чакмак и зимо и лете, не мораш да се соблекуваш или облекуваш во кола пошто надворешната температура е сосема еднаква на температурата во возилото, заменува градско возило, возило за забава и оф роуд возило, товарно возило а по потреба и патничко возило на пократки релации.
Едноставно сенаменско возило кое имаше свој единствен стилл и препознатливост!
Едноставо многу нуди а малку бара !
Да не дојде до забуна, погоре изнесеното се однесува за Рено 4 ГТЛ !