За camshaft position sensor (воедно и за било кој друг таков тип на сензор како и за crankshaft position) не мора да има запче, и најчесто нема - не се оптички, туку се хал сензори, кои реагираат на промена на магнетно поле. така да, нема веќе запчиња, од поодамна
Да се вратиме на прашањето, бидејќи за две ротации на радилица, брегастата се врти еднаш, битно е да се знае во која позиција е брегастата, за да знае екуто дали кога клипот оди нагоре (на пример), се работи за компресионен циклус или за циклус на истерување на издувните гасови низ издувните вентили. Ако е компресионен циклус, бреговите не допираат до ниеден вентил, цилиндерот е затворен и се врши компресија, а ако е овој другиов, тогаш брегастата го оотвора издувниот вентил. Нормално, ако е компресионен, потоа следи и палење на смешата, а тоа треба да го каже ecu-то.
И трето прашање, Ако некој интелектуалец го има сјебано, најди друг интелектуалец со силикон да го залепи за главата на моторот