Автор Тема: Вработување  (Прочитано 785525 пати)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9521
Одг: Вработување
« Одговори #3345 на: 09 Мај 2017, 08:28:07 am »
дечки, законски оглас значи во Агенција за вработување а не во вработување.ком или во весник

алкалоид ако нема тато, мама незнма кај има. ама приватна фирма ќе си праи шо сака и баба и дедо ако сака ќе вработи


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг: Вработување
« Одговори #3346 на: 09 Мај 2017, 08:32:52 am »
Вујче владика да се јави, и тоа може и да треба да отстапи некоја акција вујче - па да се дискутира. :) А стручен ти биди си, не смета и тоа. :) :) :)





дечки, законски оглас значи во Агенција за вработување а не во вработување.ком или во весник

алкалоид ако нема тато, мама незнма кај има. ама приватна фирма ќе си праи шо сака и баба и дедо ако сака ќе вработи
Врвот на вујко владика. Ама дека беше спомната дека не било така е смешното. :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Одг: Вработување
« Одговори #3347 на: 09 Мај 2017, 18:27:00 pm »
Алкалоид имаат добри плати и најверојатно се работи за почетна.

Башка нема тато-мама вујко владика.

Поен систем си е. Си знаеш колку поени си имаш со работно искуство си имаш цена на поен и како шо ти се зголемува стажот така и платата. Да не правиме муабет К-15 и секакви други услови.

Алкалоид е ретка фирма во Македонија која стварно е како што треба.

Мукаетов си ја врши одлично работата!
У кој свет живеете бе луѓе. Ај, ај, ај... Ок, ок...

Зборувам за платите, вие зборате за вработување

Отсутен Mercury

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 799
  • Т(д)ркач
Одг: Вработување
« Одговори #3348 на: 11 Мај 2017, 21:46:08 pm »
Допрва ќе се жалаат газдите дека нема работници,пола младина е замината странство тие шо се останати 50-60% или чекаат договори или се трудат да заминат.На крај ќе останат јавната администрација и тие шо живеат од мама и тате и почит за тие млади кои се снашле тука
Во Прилеп од 5 посредници а има и уште 3-4 шо не ги знам имам слушнато се на се биле околу 2000 млади за заминување летово и плус тие шо си завршуваат сами работа.Епа никој не е будала да седи да лупа за 12000 и да го понижуваат

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг: Вработување
« Одговори #3349 на: 11 Мај 2017, 22:54:40 pm »
Невработеноста само ќе расте, секаде.

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: Вработување
« Одговори #3350 на: 12 Мај 2017, 01:21:03 am »
https://www.google.com/publicdata/explore?ds=d5bncppjof8f9_&met_y=sp_pop_totl&idim=country:LTU:LVA:EST&hl=en&dl=en

Исто е и кај нас само што нема се направено попис од 2001, сигурно има огромна дупка во некои возрасни групи (30-39, 20-29), а допрва за едно 20-30 години ќе се почуствуваат последиците кога нивното потомство кое тогаш ќе биде работоспособно ќе го нема, ќе нема кој да работи. Е дури тогаш ќе ни се пише црно. А за да увеземе работна сила си треба и добар стандард, високи плати, ние ни тоа го немаме, ќе нема кој да плаќа даноци. Ќе биде весело.
Зини да ти кажу.

Отсутен A4-B8

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
Одг: Вработување
« Одговори #3351 на: 12 Мај 2017, 07:54:48 am »
И сега се осеќаат последиците, кај нас пред 10 години во средно имаше 9 класа со по 36-7 ученици, сега има 5 класа со по 20 ученици . Бројот на новородените деца е двапати помал од бројот на починатите.  Државата наша имаше голем бенифит од девизити кои ги праќаа гастербајтерите на семејствата во Македонија, сега повеќето ги земаа и семејствата со себе и парите кои ги праќаа се намалуваат.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: Вработување
« Одговори #3352 на: 12 Мај 2017, 14:39:48 pm »
Ако има некој заинтересиран за позиција мрежен инженер нека ми пушти CV во порака, ќе му кажам детали. Се бара со искуство и се работи стриктно мрежа.

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Вработување
« Одговори #3353 на: 23 Мај 2017, 16:27:03 pm »
Ќе ни треба КОМЕРЦИЈАЛИСТ со Б категорија, за продажба на силикони, пур пени, штрафови итн.
за почеток Скопје и Тетово-Гостивар, понатака Битола, ... Исток.
Понуди со СV, во INBOX.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5384
Одг: Вработување
« Одговори #3355 на: 23 Мај 2017, 22:49:43 pm »
Да не знаете некој да работи во електраната ТЕТО, кај саем. Глеам има некој оглас ама што е како е, ја бива ли како компанија....

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2827
Одг: Вработување
« Одговори #3356 на: 23 Мај 2017, 23:33:28 pm »
Да не знаете некој да работи во електраната ТЕТО, кај саем. Глеам има некој оглас ама што е како е, ја бива ли како компанија....

За која позиција? Генерално е ОК компанија, имам неколкумина што работеле таму и некои сеуште работат. Топ предузеќе, релативно добри плати, ок услови за работа, ти следува шлем... фино место. Аплицирај не му ја мисли.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5384
Одг: Вработување
« Одговори #3357 на: 24 Мај 2017, 00:36:06 am »
Мислам дека позицијата беше оператор-помошник во производство.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2827
Одг: Вработување
« Одговори #3358 на: 24 Мај 2017, 00:45:59 am »
Мислам дека позицијата беше оператор-помошник во производство.

Епа да, ти следува шлем.

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2622
  • Custom made interiors
Одг: Вработување
« Одговори #3359 на: 24 Мај 2017, 11:14:34 am »
Знае ли некој кога треба да излезе нов оглас за грантовите шо ги даваат за самовработување 3000 евра неповратни?

Сакам да си отворам занаетчиска фирма па ако веќе отварам сакам да го искористам и тоа.
Бев пред некој ден во биро за вработување и ми рекоа дека бил завршен тој оглас и сега крајот на овој месец и почетокот на јуни требало да излезе нов. Има ли некој од вас што поднесувал дали е лесно да се добие или се е партиски и тоа?

Ми рекоа дека и подолга процедура било тоа, се чекало 6 месеци...