Автор Тема: Вработување  (Прочитано 780955 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Вработување
« Одговори #3270 на: 05 Мај 2017, 14:16:17 pm »
Кога веќе го почнавте муабетот, колку би била еквивалентна плата во Германија, ако кај нас моментално е 60.000 денари т.е. 1000 евра?  Според трошоците за живот тука и таму... споредба плата-плата, ништо друго.
За МК-БГ државјанин или за германец роден таму? :)
Чекај малце, сакаш да кажеш дека тој германецот таму зима поголема плата од тој со МК-БГ државјанство? Од искуство, нема ама баш никаква врска муабетов. Збориме за нормална работа во канецларија, не зборам за градежништво или работење како бебиситер. Разликата е во тоа што тој со МК-БГ државјанство многу повеќе му гори на газето и ќе направи се за да најде работа во странство. Од самото тоа, секогаш работодавецот во Германија ќе избере странец кој за истата плата ќе вработи и Германец, но овој нашиов ќе биде по-продуктивен. Или друга работа е што се бара квалитет, особено во ИТ а тешко се наоѓа и тука платата е најмал проблем, едноставно нема работноспособна сила. Нашиве поради немаштија подобро ќе се снајдат. Проста е работата.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Вработување
« Одговори #3271 на: 05 Мај 2017, 14:21:50 pm »
Кога веќе го почнавте муабетот, колку би била еквивалентна плата во Германија, ако кај нас моментално е 60.000 денари т.е. 1000 евра?  Според трошоците за живот тука и таму... споредба плата-плата, ништо друго.
Грубо вака ако збориме за нето 60.000 денари месечна плата во Германија би рекол грубо тоа би било 3.000 евра во Германија.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Вработување
« Одговори #3272 на: 05 Мај 2017, 14:24:27 pm »
Јас познавам двајца македонци со македонски пасоши што зимаат 150 односно 100 илјади годишно пред оданочување во Германија. Тоа се чисти околу 100 со 70 отприлика. Дечките се 3-4 години таму, не 20 и ова им е прво работно место обезбедено уште пред тргнување.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Одг: Вработување
« Одговори #3273 на: 05 Мај 2017, 14:28:54 pm »
Дечките се 3-4 години таму, не 20 и ова им е прво работно место обезбедено уште пред тргнување.

Како тоа прво работно место?! Без искуство ги земале? :) Или мислиш прво работно место во Германија.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Вработување
« Одговори #3274 на: 05 Мај 2017, 14:29:23 pm »
Па убаво и вака плус со бројки што објаснуваш зошто некој без да знае ќе му поверува на Дене кој е длабоко заслепен ка германецот го плаќа македонецот 3 пати помалце зошто демек не е од ЕУ. Работата е сосема различна, и тоа кој од каде доаѓа е многу нерелевантно. Има многу многу многу побитни работи.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Вработување
« Одговори #3275 на: 05 Мај 2017, 14:30:15 pm »
Прво работно место во Германија де, секако дека ги бивало чим ги земале таму и ги ставиле на повисоки позиции :)

Мислев дека не се некои што работеле ваму таму во Германија па конечно се снашле, туку од Скопје со авион таму и прва плата толкава.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Вработување
« Одговори #3276 на: 05 Мај 2017, 14:30:47 pm »
Вистина зборуваш.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Вработување
« Одговори #3277 на: 05 Мај 2017, 14:31:31 pm »
Мора да сфатите, Германците во IT слабо трзаат, едноставно леко си ја тераат работата и не се замараат многу многу.
Има и исклучоци.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Вработување
« Одговори #3278 на: 05 Мај 2017, 14:38:53 pm »
Генерално проблемот не е само во Германија, туку и поголем дел од Европа. Последниов период (5 години) има недостаток на работна сила и кој си знае си се снаоѓа. Имаш избор од Холандија, Германија па се до истокот ако те бива. Плататата е најмал проблем во ИТ, барем во моментов.

Ако правиме муабет за чистење улици, келнери и такви работи ондак и во Германија голема е веројатноста да работиш на црно како Македонец или БГ.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Вработување
« Одговори #3279 на: 05 Мај 2017, 14:46:14 pm »
Тоа со БГ пасош е веќе мит, освен ако не сакаш да работиш на црно за погоренаведените струки.

Со факултет од МК за во Германија да работиш добиваш blue card, без факултет добиваш работна дозвола без проблем исто од работодавачот.

Мене ми понудија првите 3 месеци да ми плаќаат и рента, зависи на кој ќе налеташ и на каква фирма, дали е IT дали не е IT а има потреба од IT.

И така.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Одг: Вработување
« Одговори #3280 на: 05 Мај 2017, 14:54:26 pm »
БГ пасош у голема мера олеснува административни заебанции. За друго, не глеам бенефит.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: Вработување
« Одговори #3281 на: 05 Мај 2017, 15:22:42 pm »
https://www.computerwoche.de/a/was-softwareentwickler-2015-verdienen,3212456

Еве и текстот го подржува моето мислење, а сигурен сум дека има примери и како тие што Банзаи ги спомна, ама многу ретко. Треба да водиш сектор или тим, не само да програмираш туку и да одлучуваш и да бидеш вклучен и во административните работи, да сносиш одговорност за многу работи. А тоа е кошмар за секој програмер, знаејќи многу од нив како размислуваат и функционираат.
Плус секогаш постои можност за прекувремено работење,работење на празници за нив битни (за нас небитни) итн. итн.
Зини да ти кажу.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 416
Одг: Вработување
« Одговори #3282 на: 05 Мај 2017, 15:40:07 pm »
Никој во IT не ти гледа националност, вера и потекло. Гледаат само колку ум имаш во главата. Ако си подобар од германецот, ќе зимаш повисока плата, ако не, пониска. Никој нема да се осмели да те дискриминира поради тоа што си македонец, бидејќи IT работници се загрозен вид, ретки животни, и ниедна компанија нема да ризикува да ги изгуби за глупост како националност или вероисповед.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Вработување
« Одговори #3283 на: 05 Мај 2017, 15:51:30 pm »
Да пуштаме статии ако не како Македонија е врв во светот :D

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Вработување
« Одговори #3284 на: 05 Мај 2017, 15:58:42 pm »
Да пуштаме статии ако не како Македонија е врв во светот :D

Можеби не е врвот, меѓутоа ако работи народот напорно може и да биде.
Замисли на 100км имаш скијачки центри.
На само 300км имаш избор на светски летни туристички ресорти и мориња со пристапни цени.
Планински туризам на десетина километри.
Кај сакаш одиш со кола и притоа не плаќаш никаков данок и огромни трошоци за паркинг.
Геолокациски е одлично сместена Македонија.

Кога народот ќе работи напорно и чесно нема да има никаков застој на општествен и било каков план. Ама ..
За вкусови не се расправа, по нив се плука.