Автор Тема: Вработување  (Прочитано 783321 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Вработување
« Одговори #3210 на: 25 Февруари 2017, 15:24:22 pm »
Секој со различни инвестиции во животот.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9521
« Последно менување: 27 Февруари 2017, 10:25:38 am MarceCvarce »

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5729
Одг: Вработување
« Одговори #3212 на: 27 Февруари 2017, 13:16:27 pm »
Македонија меѓу 10-те европски земји во кои е полошо отколку во Африка

Порталот „HowAfrica“ објави список од 10 најсиромашни земји во Европа во кои се живее полошо и од африканскиот просек. Авторите на текстот наведуваат дека за сѐ е виновна рецесијата во која Европа влезе уште во 2008 година, од што последици трпат бројни земји од стариот континент. Листата е составена врз основа на бруто домашниот производ, а вредностите се изразени во американски долари.

10. Романија ($18,635)

Речиси 44 отсто од населението живее во руралните предели, а таму владее сиромаштија.
9. Русија ($18,408)

Русија е вистински пример за нееднаквост. Додека малкумина уживаат во богатство, милиони се гушат во сиромаштија.
8. Хрватска ($18,314)

Авторите истакнуваат дека во Хрватска застрашува постојаниот пораст на бројот на лица кои живеат под прагот на сиромаштија.
7. Белорусија ($15,633)

Иако во последно време е запрен понатамошниот пад на животниот стандард, сѐ уште се живее тешко.
6. Бугарија ($14,870)

Бугарија се смета за не само една од најсиромашните земји во Европската Унија, туку и на целиот Балкан.
5. Црна Гора ($11,800)

Иако нивните примања главно се засновани на услужни дејности, Црна Гора во последно време бележи благ пораст на животниот стандард. Додека во 2003 година бројот на луѓето кои живеат под прагот на сиромаштија изнесувал 12,2 отсто, во 2010 тој процент паднал на 6,6 отсто.
4. Србија ($11,553)

Корупцијата и лошата инфраструктура се рак-рана за Србија. Речиси 1,3 милиони Срби живеат во сиромаштија, или едвај составуваат крај со крај, се наведува во текстот.
3. Македонија ($10,718)

Како и во Романија, и во Македонија голем дел од населението живее во руралните краишта и провинцијата. Две третини од населението кое живее на село се сиромашни.
2. Албанија ($9,903)

Застарената и неефикасна инфраструктура најмногу ја кочат Албанија во привлекувањето на странски инвестиции.
1. Босна и Херцеговина ($8,590)

Иако имаат жестока конкуренција во соседството кога станува збор за сиромаштијата, авторите истакнуваат дека во Босна и Херцеговина состојбата е страшна.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Вработување
« Одговори #3213 на: 27 Февруари 2017, 13:30:58 pm »
Ова е лажна информација и ова е финансирано од структурите за урнисување и поткопување на темелите на Р.Македонија, Сорос и невладините.

Македонија е лидер во регионот.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9521
Одг: Вработување
« Одговори #3214 на: 27 Февруари 2017, 13:47:22 pm »
се гледа дека лажат и се соросоиди :D

 2/3 живее во Скопје :D

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Вработување
« Одговори #3215 на: 27 Февруари 2017, 13:58:07 pm »
Лажеш Марче!
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5729
Одг: Вработување
« Одговори #3216 на: 27 Февруари 2017, 14:34:54 pm »
http://off.net.mk/vesti/razno/shvegjani-go-preteravte-so-plakjanje-danok

Негативните камати своевремено беа воведени за Швеѓаните да се натераат да ги извадат парите од банка и да почнат да ги трошат, што ќе ја помогне економијата во земјата

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Вработување
« Одговори #3217 на: 27 Февруари 2017, 14:36:18 pm »
Оваа пракса константно е критикувана и во Шведска и надвор од неа, како крајно неуспешна.

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5729
Одг: Вработување
« Одговори #3218 на: 01 Март 2017, 12:09:53 pm »

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2622
  • Custom made interiors
Одг: Вработување
« Одговори #3219 на: 13 Март 2017, 20:09:02 pm »
Колку пари се давачките месечно за приватно лице да си плаќа здравствено и пензиско осигурување?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вработување
« Одговори #3220 на: 13 Март 2017, 20:12:37 pm »
Колку пари се давачките месечно за приватно лице да си плаќа здравствено и пензиско осигурување?
Околу 23 - 27%

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7610
Одг: Вработување
« Одговори #3221 на: 13 Март 2017, 20:26:31 pm »
Колку пари се давачките месечно за приватно лице да си плаќа здравствено и пензиско осигурување?

http://plata.m.ie.mk/

На ~11600 основна плата, околу ~5000 денари испаѓа вкупни давачки. (пензиско, здравство, данок..). Ова ако си вработен само фигуративно на список на некоја фирма, би било вака. Тоа прашуваш ако добро разбрав ?  Или има опција да си невработен, а да си плаќаш пензиско и здравствено осигурување ?


Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2622
  • Custom made interiors
Одг: Вработување
« Одговори #3222 на: 13 Март 2017, 21:55:35 pm »
За невработен да си плаќаш.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7610
Одг: Вработување
« Одговори #3223 на: 13 Март 2017, 22:13:59 pm »
Македонија меѓу 10-те европски земји во кои е полошо отколку во Африка

Порталот „HowAfrica“ објави список од 10 најсиромашни земји во Европа во кои се живее полошо и од африканскиот просек. Авторите на текстот наведуваат дека за сѐ е виновна рецесијата во која Европа влезе уште во 2008 година, од што последици трпат бројни земји од стариот континент. Листата е составена врз основа на бруто домашниот производ, а вредностите се изразени во американски долари.

10. Романија ($18,635)

Речиси 44 отсто од населението живее во руралните предели, а таму владее сиромаштија.
9. Русија ($18,408)

Русија е вистински пример за нееднаквост. Додека малкумина уживаат во богатство, милиони се гушат во сиромаштија.
8. Хрватска ($18,314)

Авторите истакнуваат дека во Хрватска застрашува постојаниот пораст на бројот на лица кои живеат под прагот на сиромаштија.
7. Белорусија ($15,633)

Иако во последно време е запрен понатамошниот пад на животниот стандард, сѐ уште се живее тешко.
6. Бугарија ($14,870)

Бугарија се смета за не само една од најсиромашните земји во Европската Унија, туку и на целиот Балкан.
5. Црна Гора ($11,800)

Иако нивните примања главно се засновани на услужни дејности, Црна Гора во последно време бележи благ пораст на животниот стандард. Додека во 2003 година бројот на луѓето кои живеат под прагот на сиромаштија изнесувал 12,2 отсто, во 2010 тој процент паднал на 6,6 отсто.
4. Србија ($11,553)

Корупцијата и лошата инфраструктура се рак-рана за Србија. Речиси 1,3 милиони Срби живеат во сиромаштија, или едвај составуваат крај со крај, се наведува во текстот.
3. Македонија ($10,718)

Како и во Романија, и во Македонија голем дел од населението живее во руралните краишта и провинцијата. Две третини од населението кое живее на село се сиромашни.
2. Албанија ($9,903)

Застарената и неефикасна инфраструктура најмногу ја кочат Албанија во привлекувањето на странски инвестиции.
1. Босна и Херцеговина ($8,590)

Иако имаат жестока конкуренција во соседството кога станува збор за сиромаштијата, авторите истакнуваат дека во Босна и Херцеговина состојбата е страшна.


Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Вработување
« Одговори #3224 на: 13 Март 2017, 23:50:28 pm »
Кој пишува вакви глупости?

Sent from my Huawei P9