Работев скоро 2 години, за 2 македонски фирми...
Потоа, имав малку среќа, и се вработив во фирма која ол араунд имаше околу 80 000 вработени, пред да се одели, и да биде посебна фирма, со 27 000 вработени...
Потоа се префрлив во друга компанија, која делува во 35 земји ... на сајтот до пред година дена стоеше бројка на вработени од 39.000...
Како и да е, она што беше загарантирано, и што не можев да поверувам дека го имам, беа работничките права...
Бидејки некогаш се работеше на екстремни температури надвор, често над 45 степени целзиусови, пропишано беше, како се зголемува температурата, да се намалува ефективното работно време, наспрема одмарање...
Имаше одредени топлотни зони, портокалова значеше 20 минути работа, 40 минути одмор...
И немаше сила која ке те натера да работиш повеќе од 20 минути, ако не сакаш...
Следуваа санкции за шефот све до отпуштање од работа, ако тој инсистира да работиш повеќе од 20 минути...
Во црвена зона беше 10 минути работа, 50 одмор... Не можев да верувам...
Се чувствував како господин, јебига... Мизерно е, знам...
Некој ги почитува моите работнички права to the letter...
Кога се вратив во Македонија, се разочарав максимално... не дека не знаев како е, туку увидов дека ако се сака, се може...
Само што, нашиов систем е креиран да ги заштити работодавците, а не работниците...
Пандан на политичкиот систем... Политичарите како бели мечки...
Ваму пак системот е на страната на работниците, посебно ако од компанијата не ти испочитувале некое работничко право...
Ке ги тужи работникот, и ке ги одере за добри пари...
Овде сеуште не сум слушнал дека некој се тужел со компанија за непочитување на работничките права...
Убаво рече некој, кога Синдикатот е купен да молчи, нема да има работнички права...
Си молчиме, караванот врви, кучињата лаат...
Барем, полесно ми беше кога не знаев што се работнички права...