Денеска е Светски ден за пристојна работа soJuzot na sindikati ve pozdravue...

Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати и Унијата на авономни и независни синдикати, денеска со семинар и со заедничка прес-конференција ќе го одбележат 7 Октомври – Светскиот ден за пристојна работа.
Во 2007 година, согласно Агендата на Меѓународната организација на трудот, усвоена во 1999 година, организациите Global Progressive Forum, Social Alert, Solidar, како и Европската конфедерација на синдикатите (ЕТУЦ), со цел враќање на достоинството на трудот, формираа Алијанса за достоинствен труд.
Одзивот на синдикатите и на работниците во голем број земји во светот беше голем, така што Меѓународната конфередација на синдикатите (ИТУЦ) од 2008 година, 7. Октомври го прогласи и го одбележува како Меѓународен ден за пристојна работа, или за достоинствен труд.
http://faktor.mk/archives/76416