Да, да до тоа е само во филмовите. И ептен добар биди, тие нема да се замараат да ти бркаат тебе папирологија за да одиш да работиш кај нив...освен ако не си Меси или Роналдо. Тие гледаат да остварат профит со најмалку потрошени ресурси што е возможно...Колку потрошени таленти има низ државава, дури страв да те фати.
Друже Принц.
Еве ти пример од мој близок. Во Чешка во DHL работи мој пријател. Тој зема 1800 евра почетна плата. Македонец е, JAVA програмер е и одлично зборува англиски јазик.
На мочан Скајп интрвју толку добро се покажа што го викнаа таму и му дадоа дупло повисока почетна плата од просекот. Потоа Price water-Coopers консалтинг фирмата на DHL им пратија фактура од 11.000 (единајс-иљади) евра само за постапката за вадење работна виза за пријателот само за да може да почне што побрзо да работи кај нив. Во дополнение на човекот му е ветено 10% зголемување на плата за секој ПРЕПОРАЧАН пријател кој е исто толку добар како него а кој ќе го вработат во DHL.
Треба да НАУЧИШ дека профитот е единствена мотивација САМО ЗА УТЕПАНИТЕ македонски фирми кои по дефиниција тешко дека може да се наречат proper фирми. На фирмите на запад им е на прво место конкурентноста, на второ место растот и развојот па на крај профитабилноста. Ова треба да го научиш ако сакаш трезно и правилно да размислуваш.
Извини вака што ти кажувам, не сакам да ми замериш, но ова е битна тема каде што не треба да останат работите нејасни.