http://grid.mk/read/news/505888217/4722287/oglas-za-vrabotuvanje-vo-djonson-metiОглас за вработување во Џонсон МетиJohnson Matthey Emission Control Technologies е светски лидер во производство и развој на технологии на Автокатализатори, кој работи според ISО/ТЅ 16949 и IЅО 14001 стандардите за квалитет во автомобилската индустрија, поврзани со најдобрата практика за животната средина.
Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикепираност, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.
АДМИНИСТРАТОР (ADMINISTRATOR) Реф. Бр 2013040
Џонсон Мети има потреба од Администратор (Administrator) кој ќе му се придружи на нашиот тим во фабриката за автокатализатори во Скопје, Македонија. Ова работно месо предвидува давање на секретарска и административна поддршка на деловната единица и Управниот Директор. Во опсегот на работните обврски на оваа работна позиција се сите секретарско-административни обврски, како што се:
• Одговарање на телефонски повици
• Закажување на средби и состаноци
• Организирање на превоз и сместување на посетителите и вработените
• Организирање на активности поврзани со исхрана на вработените
• Координирање на конференции и други корпоративни настани кои ги организира и на кои е домаќин компанијата и сл.
• Административни задачи за поддршка на работата на деловната единица и Управниот Директор, вклучувајќи и контакти со асистенти и администратори во Џонсон Мети и лица надвор од компанијата.
Кандидатите е погребно да поседуваат:
• Високо образование
• Две до три години работно искуство на слично работно место, односно како администратор/ секретар/ка
• Одлични вештини за комуникација и решавање на проблеми
• Способност за внимание кон детали
• Планирање на време и организациски вештини како и работа под притисок и со зададени временски рокови
• Напредно познавање на Power Point, Ехсеl, Word и Visio комбинирано со знаење за внес на податоци
• Одлично познавање на говорен и пишан англиски и македонски јазик
Работно време: понеделник-петок, 08.30ч-17.00ч.
Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија и писмо за мотивација на англиски јазик на следнава e-mail адреса: mkjobs@matthey.com
Ве молиме Вашата биографија и писмо за мотивација да бидат испратени како MS Word документ и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно Вашата апликација нема да биде разгледана.</p>