Автор Тема: Вработување  (Прочитано 772375 пати)

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7207
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Вработување
« Одговори #5280 на: 16 Февруари 2026, 10:46:52 am »
Со 30 години стаж, 100к плата.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2827
Одг: Вработување
« Одговори #5281 на: 17 Февруари 2026, 11:05:37 am »
Советник за управување со броеви, во Аек

Плата: 84,917 денари.

Бујрум клабери, може ќе му опали на некој. 1380 евра плата.

Што попрво со 84,917 денари...

Отсутен Боби

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 112
Одг: Вработување
« Одговори #5282 на: 10 Март 2026, 09:34:42 am »
Да прашам, има ли такси компанија, што вработува пензионери, во Скопје?

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3633
Одг: Вработување
« Одговори #5283 на: 10 Март 2026, 12:14:18 pm »
Советник за управување со броеви, во Аек

Плата: 84,917 денари.

Бујрум клабери, може ќе му опали на некој. 1380 евра плата.

Што попрво со 84,917 денари...
Прво опалување па тогаш вработување... се знае тоа како оди постапката нема на знаење и школо...
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен Goku

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Одг: Вработување
« Одговори #5284 на: 05 Април 2026, 09:08:25 am »
Другари, размислувам за промена на работна позиција која е добро платена но со токсично окружување.
Една од опциите ми е Аксапта Мастерс или по ново АХМ365 за бизнис аналист или фанкшнал консултант.
Дали некој знае каква е атмосферата во оваа компанија и во кој рејнџ им се движат платите?

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 269
Одг: Вработување
« Одговори #5285 на: 05 Април 2026, 09:46:02 am »
Другари, размислувам за промена на работна позиција која е добро платена но со токсично окружување.
Една од опциите ми е Аксапта Мастерс или по ново АХМ365 за бизнис аналист или фанкшнал консултант.
Дали некој знае каква е атмосферата во оваа компанија и во кој рејнџ им се движат платите?

https://www.companywall.com.mk/kompanija/%D0%B0%D0%BA%D1%81%D0%B0%D0%BF%D1%82%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%80%D1%81-%D0%B4%D0%BE%D0%BE-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5/MMADA610

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3633
Одг: Вработување
« Одговори #5286 на: 05 Април 2026, 11:27:05 am »
Другари, размислувам за промена на работна позиција која е добро платена но со токсично окружување.
Една од опциите ми е Аксапта Мастерс или по ново АХМ365 за бизнис аналист или фанкшнал консултант.
Дали некој знае каква е атмосферата во оваа компанија и во кој рејнџ им се движат платите?

Може ли да објасниш, ако не ти е тешко, што се подразбира под токсично опкружување и како ти влијае од твое исксутво во који аспекти пошто ги има повеќе? Може на некој да му користи во иднина, а воедно и твоето искуство да го споделиш. Точно е дека за плата секој работи, но што е преломно во твоето искуство да си заминеш? за некого и 400 евра се добри, горд патриота е и данок му е платен. За некого и 3400 евра се малку.

Ако не ти е тешко, сподели две-три реченици, на некој ќе му биде од голема корист. Многу различни луѓе, многу чуда.

Околу работата немам познавање ниту можам да ти кажам нешто конкретно, но можам да те поддржам да се избориш и да разбереш дека секаде има идиоти, пациенти, несвесни и непродуховени луѓе кои својата фрустрација ја лечат преку вработени колеги на работното место и за време на работното место.

Ти посакувам успех и среќно понатаму.
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7097
Одг: Вработување
« Одговори #5287 на: 05 Април 2026, 12:40:37 pm »
Токсично опкружување е кога идеш на работа и наместо да се работи, најчесто се оговара.

И се е во ред, ајде јас ќе си ја терам работата, они што сака нека прават.

И на крајот доаѓа ти работиш како коњ, ја работиш твојата работа, ја работиш работата на некој колега или пар колеги кои одат на работа за смеење, за кафе паузи, а кога ќе им се доделат работни задачи они се на замена, они ова прв пат го гледаат или најјакото е за ебање сум, згрешив.

И така се во круг секој ден, гледаш дека шефот твој не реагира. Не реагираат на тоа и сите останати што треба да реагираат.
Доаѓа први, земате плата идентична, и така после месеци ти пукнува филм, реагираш кај претпоставениот, тој ти се смее во фаца, реагираш и на повисоко ниво и одеднаш не само што ти си единствениот коњ што ја врши работата и понатаму за идентична плата како овие клатикуровци, туку стануваш и персона нон грата, како ти тоа ќе им укажуваш на проблемите.

И наместо да ги решат проблемите кои и им ги посочуваш, одеднаш тие со тебе се занимаваат, гледаат како тебе да те елиминираат од фирмата со притисоци, со доделување повеќе работни задачи кое води само кон едно нешто, да си дадеш отказ.

Е заради ова погоре јас си заминав од претходната фирма кај што бев 4 години и кај што секој колега од други сектори се јавуваше дај жити се, она твојон колега што е благе везе нема, дај среди ја работава.
Успат и сите локали во сите градови на памет ги знаев кај се наоѓаат, што опрема имаат, што сме замениле, а што е за замена.
И бидејки не бев ценет од тие хиерархиски над мене, и затоа Чао Рагази.

Отсутен Goku

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Одг: Вработување
« Одговори #5288 на: 05 Април 2026, 14:46:38 pm »

Toa e toa da, vas na ova mislev 🙂

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 459
Одг: Вработување
« Одговори #5289 на: 05 Април 2026, 16:12:02 pm »
Секаде има такви, а решение е или да си одиш и да имаш среќа да најдеш тоа што бараш или и ти да си како нив.

 Да се правиш дека не знаеш ништо друго да работиш освен твоето, да се влечеш на туѓ грб и да земаш иста плата.
Да одиш на работа колку да помине денот и да дојде 1ви. Сите одиме за плата но ако не те исполнува тоа правиш проблем на сите други.

Но, за ова се виновни менаџерите ако може така да ги наречам. Не се менаџери ова, немаат ни м од манаџер.
 Нив им одговара никој да не се оди од фирмата и сите задоволни. Не им се губи време со барање и учење на нови вработени, затоа што не знаат како.

И јас сум во иста средина. Се озборува, се гледа кој што работи, кој повеќе кој помалку. Се прегледува низ прсти за некои кои имаат помалку знаење и не се бара од нив да научат.

Од мене се бара Ексел наоредно ниво, некој ни основно ниво.

Но, со тек на време и јас се научив, дека најважно е да добијам плата и дека колку повеќе покажуваш дека можеш, тогаш ќе добиваш повеќе задачи и ќе си трн во око на тие што немаат никакви стандарди за работа.

Веќе знам како да одбијам плус задачи или ќе ги завршам тие задачи, ама на крај за сметка на тоа барам да добијам повисока плата, повисок статус од тие што ги немаат истите задачи завршено.

Имам поголем авторитет кај директор, газда итн. 
Знам што имам направено и имам образ да го кажам тоа.

Sent from my SM-A528B using Tapatalk

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2516
Одг: Вработување
« Одговори #5290 на: 05 Април 2026, 16:50:51 pm »

Не постои такво нешто како имање поголем авторитет кај газдата. Го заболе.

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 459
Одг: Вработување
« Одговори #5291 на: 05 Април 2026, 18:03:01 pm »
Да повеќето газди си го гледаат само бизнисот, но има и постои.

Со авторитет се слуша и твојот збор и може да одлучуваш и менуваш, за било што. Слободно даваш твој предлог, бараат од тебе и тн.

Sent from my SM-A528B using Tapatalk

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7097
Одг: Вработување
« Одговори #5292 на: 05 Април 2026, 18:35:41 pm »
Во 99% од случаите на позиции не се луѓе што одлучуваат или придонесуваат со идеи, туку се само обични газолижачи кои во реалноста се само лемури, не работат ништо и постојано се вчудоневидени.

Оддтаму и називот за нив е лемури, а нивното однесување за време на работното време е лемурење, доаѓаат на работа и се лемурат, односно луѓе неспособни за работа и без волја за работа.

Затоа за нив само едно зборче збирно ги опишува, лемури и лемурење, збирен термин за сето она што нив ги дефинира како неработници, газолижачи и така натаму.

Од друга страна тие што имаат идеи, што работат како коњи, и што предлагаат најчесто не се на раководни позиции баш заради фактот дека паметен човек со идеи, некогаш и ќе влезе во објаснување зошто ја дава таа идеја, зошто мора да се работи на тој и тој начин.

На врвот на фирмата тоа не и одговара, нив им одговараат лемурите бидејки тие се неми послушници, што ќе им се нареди, тоа го прифаќаат и после тоа доаѓаат во секторот кај своите колеги и како гулаби писмоносци пренесуваат што одлучил врвот на фирмата и дека они пробале да кажат, ама ништо, не било до нив.

И така караванот си врви, врвот на фирмата задоволен што лемуриве не контрираат, а паметните луѓе си заминуваат.

И за паметните луѓе најпаметно е тоа, да се менува фирмата на секои 2 до 4 години, прво така го менуваш колку толку опкружувањето, и плус така си ја покачуваш и платата бидејки во постоечката фирма ако треба да одиш да објаснуваш зошто мора да добиваш покачување, тури му пепел, раководителите и врвот на фирмата ако во тие 3-4 или колку и да си години не увиделе кој сум па да морам постојано да објаснувам зошто мора покачување, не фала, боље на нова работна позиција на интервју ќе си го понудам својот труд со цена која мислам дека вреди во тој момент.

Отсутен Goku

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Одг: Вработување
« Одговори #5293 на: 05 Април 2026, 18:44:24 pm »
Да не се оддалечуваме од темата, ако некој знае нешто повеќе околу платите во Аксапта Мастерс за овие две позиции ќе ве замолам споделете. А за токсична атмосфера очекувам да ја има скоро секаде. Само се надевам во помала организација дека ќе ја има помалку споредено со големите од 800--2000 луѓе.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7236
Одг: Вработување
« Одговори #5294 на: 05 Април 2026, 19:06:03 pm »
Како и секаде, платата зависи од како ти ќе се продадеш и колку итно им треба нов човек. Може двајца колеги да седат еден спроти друг, исто звање, исто обврски, едниот да зема и двојно поголема плата.

Секако и дали бараш или те бараат. Инаку, не очекувај рози, секаде е исто после 1 година. Доашаш, работиш, одиш. Аки начекаш вистински колеги, што е реткост, тоа е бонус.