Bicikle кое образование незнам што ќе бараат сега, јас сум машинец по струка. Почетна плата сега која е појма немам можам да зборувам за моето искуство пред 4-5 години.
Друга работа за таа плата што ја пишува на огласот јас богами од било која фирма би очекувал маста да ми ја вади....
Почнав да работам недипломиран и кога на пазарот на труд во МК имаше куп кадар, сега малце се сменети работите нели? Нема саглам избор од луѓе. Почнав како сервисен инженер, главно фокусиран бев на дијагностика и решавање на електрични проблеми на моторите. Иначе се работи на големи индустриски мотори од типот на градежна и рударска механизација. Мотори со зафатнина 6л па до кај 38л идеа за ремонт во работилницата. Механичарите си ги работеа нив. Исто обврски ми беа во коориднација со нив да правам листи на делови за генерален ремонт како и барање одредени процедури, димензии, стегања, итн.
Со оглед на тоа што се големи машини редовно голем дел од сервиси и решавање проблеми е на ТЕРЕН.
Се зима и теренски додаток, плата знаеше некогаш да касни(не од типот на месеци, ама денови или недела да речеме). Незнам што повеќе да пишувам ако некој го интересира нека ме контактира.
Во главном дека имаше периоди во сезона кога ми беше пренапорно имаше, ама МНОГУ научив. Дел од тоа знаење го користам и сега и ме однесе надвор од МК.