Знам дека тука има многу ИТ дечки, па би сакал да прашам што мислење имате за Codeacademy академијата, како за еден почеток од 0, за влез во тие води, со оглед што цената на курсот е прилично висока ?
1. Треба да сфатиш дека ИТ не е заебанција и никој не дава висока плата оти ете така, многу им сме убави

2. Ова ти го кажувам дека салам треба да го загрееш столчето, со саати, саати, саати и да саати работа, учење, труд.
Многу луѓе се имаат залетано по ова „Еј супер плаќаат во ИТ, абе нешто да работам, кабли да врзувам ќе земам 1000 евра месечно минимум“.
Не е така.
Прво испитај се дали навистина сакаш и ако сакаш, кога ќе почнеш ќе се судриш со ѕид од незнаење. Ама секој ѕид се соборува само што треба време, искуство, грешки, незнаење, демотивација и што не.
Небитно која академија ќе ај одбериш. Академијата брзо се заборава што си научил ако не се посветиш на тоа.
За поефтино, прво почни со Udemy курсеви, што се по $10 ...помини еден курс, види дали ти фаќа црпката. Ако ти фаќа, тогаш плати академија ако сакаш.
Сакаш бесплатно ...има ликови како Mosh
Еве еден од неговите многубројни курсеви.