Пишувам од искуство сум бил на двете места, не од памет. Генерално има некоја фама као во државно никој ништо не работи. По министерствата не е до толку така, за јавните претпријатија, општините и здравствените установи, да.
Од друга страна, се тера филм као у приватно не знам, крв се остава. Ако е до толку, денес е полесно, најди др работа или смени струка.
И за крај, не драмете од филмот као "приватното" го финансира државното. За ваше инфо, 90% од даночните приходи (она од кое се финансираат расходите) е од наплата на ДДВ и акцизи. Сте се прашале кој плаќа? Газдата ваш? Фирмата? Не клабери, сите ние овде. Фирмите имаат влезен и излезен ДДВ, а разликата ја плаќа секогаш потрошувачот кога ќе добие сметка. Горивото ние што го ставаме, плаќаме акцизи за истото. Фирмите кога купуваат, преку крајниот производ си го пребиваат ДДВ што го плаќаат за нафата.
Затоа велам намалете доживљај, од цело тоа купче пари, не се само платите на паразитите, туку и пензиите на вашите баби и дедовци, платата на некој ваш чичко/тетка што работи во државно, лекувањето на некој што нема денар итн.