Како активен барател на работа, евидентна е разликата помеѓу условите кои ги нудат фирми основани од странски капитал и македонски капитал. Покрај финансиски, и останатите услови како работни задачи, поделба на улоги, слободни денови и најбитно - меѓучовечки односи се неизмерно подобри во оние фирми со странски капитал.
Очигледно голем дел од проблемот е што македонциве се или незаинтересирани, или не знаат да си го продадат проектот во странство. Има и за тоа решение, си се најмува компанија како надворешен соработник за пробивање на пазари, ама и тоа си кошта, а не е секој спремен да плати.