Пак ќе прашам - ОД КАДЕ ТОЛКУ ПАРИ? Како ја објаснуваш ти вредноста на парата, во тоа време?
јас ке ти појаснам вака:
комшијата до мене е вработен во една скопска фирма... вработен е од 2006-та година, мајсторска работа. тогаш примањата му беа околу 15.500 месечно... денес, 7 години покасно, сеуште работи во таа фирма и платата му е пак околу 15.500... мајсторска работа, без шанси за напредок, тоа е тоа...
е сега.. пред 7 години цените на храната, комуналиите (вода, струја, парно, телевизија), понатака горивата и буквално се беше околу пола од она што денес кошта за истото...
тоа значи, парата (денарот) тогаш имал поголема вредност, а денес помала...
јас сум и постар од дадената година на нуме.. знам како се живееше тогаш... немој те молам сега со изрежираите муабети дека тито тогаш зимал кредити и ја однел југославија во долгови... овие сега што прават? што прават и тие пред нив? цело време у оваа јебана транзиција откако сме “осамосталени“ се зимаат само кредити и упорно сите брујат околу нас дека народот тоа го плаќа..
да продолжам, дека јас сум го фатил тоа време кога прата имаше вредност, мнооооогу поголема од ова сега. во тоа време кога беа динари со една плата мајка ми купила стан и покуќнина на кредит (самохрана мајка да нагласам).
ај ти сега објасни ми која самохрана мајка може денес да си дозволи да купи стан на кредит и да чува деца во меѓувреме? ќе мора да има минимум 1000 евра месечна плата а такви на прсти се бројат во државава. во тоа време такви имало многу. знам и еден куп примери што го покажуваат и тврдат следново: “дедо ми и баба ми со работничка плата куќа изградиле од 150 квадрати, и ден денес јас живеам во нејзе“... ај да те видам тебе сега стави темели на куќа ако можеш а не куќа да изградиш цела со 2 работнички плати... нека биде 12.000 платата, не минималец... тоа се 400 евра примања од двајца вработени... изгради куќа, и во меѓувреме живеј и храни се со тие пари, вклучително и децата.. пази да не,мало сутра...
и уште нешто...пошто е автомобилски форум... се сеќавам дека стариот мој идеше на бензинска, ке дадеше чек еден (1200 динари) ке натанкаше резервоарот со бензин на лада специјал ДО КАПАЧЕ и ке му вратеа кусур... денес за тој подвиг на таа кола ке ти треба кредит...