A kolku da dade?
Ako ne neka go deli profitot so vrabotenite, taka najubavo.
Taka niedna firma nema da odi napred, i ke nema sredstva da vlozuva vo podobruvanje i sirenje na biznisot, a so toa ke stagnira i so tek na vreme zatvori.
Денде другар. Сосем неточно.
Во самиот бизнис план, претприемачот предвидува со колкав влог колку профит планира да извади. Истиот тој план МОРА да го подели со вработените. Секој работодавач мора да постави јасни и логични таргети. Со секое пречекорување на таргетот (за кој се сложил и работникот), работодавачот мора да го подели профитот со работникот. Ако не го направи тоа, работникот нема да биде мотивиран да го достигне и надмаши таргетот. Работникот МОРА ПО СЕКОЈА ЦЕНА да се чувствува како косопственик на фирмата и она што го работи. Успешните фирми го делат профитот со работниците и инвестираат големи пари за методологии на мерење на продуктивноста и корисноста на работниците.
Бизнис планот мора да е јавен и изготвен на научна основа. Кога се регрутираат работници мора да се презентира бизнис планот на фирмата. Тоа е така кај успешните фирми и мора да биде guide line за сите фирми општо во светот. ако не е, тогаш фирмата има проблем кој никогаш нема да го надмине.
Да не се ограничуваме на некои застарени пракси кои функционирале пред 500 години дека сопственикот на капиталот е целосен сопственик и на 100% од профитот. Веќе 100 години таа пракса не функционира. Заборавете го тоа.