Онак,мои блиски планираат да одат за Нов Зеланд,и од нив имам инфо дека даноците(сите давачки) се помали од кај нас,кои се 46-47 %.
според линков ориентационо искача 25%.
само што незнам дали во тоа влагаат и другите давачки,здравствено,пензинско,набрзинка пребарав само за данокот.Ако некој има инфо би било добро да се знае.
ај сега јас да ти објаснам нешто... според линкот си заклучил логична сума, но не е така, затоа што првите 3 реда за висини на годишно примање се најчесто part time works oдносно примања кои би биле или би се третирале како работни места за дополнителна работа. во нов зеланд под 70.000 долари годишна заработка, неможеш да функционираш, а тоа ке го заработиш само со full time work... тоа ти е како тука да работиш за минималецот наш насушен... значи ако имаш примања од 70.000 долари па нагоре имаш данок од просечни 33%, односно од 31 до 33 центи на секој долар ти наплаќа државата.. и нај убавото е што ти ништо не идеш да плаќаш туку како ти легнуваат парите на сметката, така државата ти ги зима ИНСТАНТ... ако имаш непредвидени заработки кои ти се надвор од работното време предвидени од фирмата тогаш тоа е 45% се што ке заработиш.. тоа е првото...
второто... јас како работодавач, а ти работник, за да ти исплатам на тебе твоите 100 долари заработка треба на државата да и платам уште некои 27 до 35 (зависи од работната позиција) ај да земем просек од 30 долари т.е. 30% од сумата... значи, ти ке заработиш 100 долара, ама државата ке инкасира од твоите пари 33 долари+30 долари од мене како работодавач тоа значи ке лапне 63 долари, а ти имаш чисти 70 долари за да си ги трошиш... свесен си колкав данок е тоа? колку беше кај нас? околу 45? фино...
уште некоја математика да ви посочам:
1 новозеландски долар воопшто не е јак како америчкиот, нити пак како австралискиот.. поточно: 1 Euro equals 1.58 New Zealand Dollar.
70.000 новозеландски долари (ма колку и да изгледа фантастично тоа многу) за 1 година се заработуваат со 26 работни денови месечно по 8 до 10 саати на ден. и на крај наместо 70.000 да земеш ти ке земеш ни мање ни више 49.000 долари откако државата ке ти го прибере данокот.
ако се земе предвид, дека таму скоро се, се наплаќа на 1 недела (освен струја) ке видиш колку уствари мизерно се осеќаш.. кај нас кирија плаќаш на 1 месец, плата зимаш месечно, вода, телефон и останато плаќаш месечно... кај нив сето тоа е неделно.. зимаш плата неделно (пракса им е во вторник или среда), кирија плаќаш неделно, рата од кредит неделно....... неделно купуваш храна за дома.
понатака... да ви посочам некои цени, битни за живот... меѓу другото и законот кај нив е посебен дури и за домувањето. ако си со 1 мало дете може да имаш стан со 1 спална соба, ама се додека не наполни 6 годни. после тоа мора со 2 спални да имаш стан.. во спротивно ке те чарџаат од општината, а нај често по пријава од некого ке те дознаат и нема да чекаат подолго од 2 саати за да те проверат... ако имаш 2 деца, ке мораш со 3 спални итн итн... ние знаеме дека во просек сме 4 члено семејство, и децата како и да ке бидат над 6 годни... е таков нај евтин стан (цело време викам стан а тоа се или кондомиуми или куќички т.е. бараки) коштаат од 550 долари за мувлосани до 850-900 долари средна класа средени...
за 4 члено семејство не ни размислувајте под 300 долари неделно за храна и тоа претежно да се спрема и готви по дома... цени на гориво појма немам сега колку се, сигурно се повисоки од кога јас бев а тоа беше 2,2 долари за литро бензин... ако сакате за ден два ке ви кажам цена колку е, имам јас роднини таму...
и да финиширам... заработка од 70.000 долари на годишно ниво е баш како што кажав минималецот таму за живеење бидејки од нив имаш 49.000 твои. подели го тоа со 53 недели и ти излага околу 920 долари неделно.. пари со кои ЕДВАЈ ке тераш. не ни размислувај да зимаш кредит за кола, намештај, опрема, бела техника и слично.. за тоа, ке треба и вториот член на семејството да рабти со full time work или барем некоја part time work...
е тука доаѓаме до сексот, кога има мали деца во прашање. законите кај нив се страааашно ригорозни кога се во прашање децата... да, државните школи се бесплатни... ама стварно бесплатни, не како кај нас тука кобајаги бесплатно школство... меѓутоа, дете до 14 години НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ БЕЗ НАДЗОР од возрасно и полнолетно лице (полнолетство е од 21 година)... ако недај боже, те пријави некој (а како што реков таму пријавуваат за се и сешто комшиите) ке дојдат фино лео од child care, ТИ ГО ЗИМААТ ДЕТЕТО одма, и го носат кај нив, а ти ке си добиеш тужба за несовесно чување или како и да беше таму целата реченица во законот... истото ке ти се случи и ако недај боже го удриш детето.. абе прво ти го зимаат па после ке се објаснуваат... поентата е дека некој мора да ги чува децата додека да наполнат по 14 години. секое. и кога ке наполнат 14 до 18 годишна возраст после 22 навечер исто така несмеат да бидат сами инаку child care ќе тропне на врата...
пак се сведува дека еднот ке работи полно работно време т.е. ке црнчи по 9-10 саати за да се преживее, а другиот ке работи нешто прекувремено (најчесто редат роба по маркети, чистат итн итн) за да може да се платат кредитите за намештај, покуќнина, колите (без кола таму си како без нозе), облека итн итн... а да... да не заборавам... на секои 4 саати работа СО ЗАКОН ти следува 1 саат одмор.. ама не платен... значи ти си на работа 10 саати, ама плата зимаш како за 8. кога бев таму, во тој момент ги донесоа измените за примања и плаќања, во кои, до тој момент, беше тој 1 саат мора да ти се плати, а сега веќе не ти се плаќа, т.е. ти одмараш 1 саат, ама нема пари за тоа, бидејки, нели, не работиш...
откако ке расчистиш со кредитите, после 2-3 години почнуваш по малку да застануваш на нозе финансиски но ринтањето и црнчењето не завршува туку само ке можеш да си дозволиш да прошеташ некаде викендашки...
а дали знаевте дека во нов зеланд НЕ СМЕЕШ да бидеш болен подолго од 11 дена годишно? имаш право толку дена да си болен. до толку ти е признаено од државата. после тоа, секој ден не идење на работа, нема ни пари-плата... кратко и јасно... а да.. здравствено осгурување, само ако фирмата кај што работиш сака да плати некакво осигурање, ако не, нема.. се се наплаќа приватно...
сума сумарум.. ке живееш слично како и тука, ке заработуваш бројчано бајаги пари, ама далеку од тоа дека ке живееш во луксуз... на секои 4-5 години ке доаѓаш во македонија на одмор од 1 месец, притоа зимајки кредит за да дојдеш и да се вратиш...
е сега... има луѓе и што се снашле подобро. не велам не... има македонци кои печалат преку пола милион долари годишно (државата им зима 150.000 долари за даноци) и живеат доста лагоден живот... но такви се едвај 15% од целото население...
мислам дека дадов бајаги информации... сакав да ви посочам дека идењето во нов зеланд баш и не е како што замислуваат повеќето.. ти само отиди, а таму ружи цветаат... на писта со црвен тепих ги дочекуваат... единствено нешто оради кое би се вратил таму пак да живеам е спокојниот живот, мирот, тишината, ненапрегањето со секојдневните (дневно политички) големи проблеми... тоа е бесценето... а за кола, телевизор, компјутер и слично.. и тука е добро...
да повторам.. нов зеланд е мноооогу задолжена држава. изградена со кредити.. и понатаму се гради и шири државата, но и понатаму со кредити. имаат добра економија, но за нив. власта е свесна дека нов зеланд е емигрантска држава... доаѓаш таму, ринташ како вол 6-7 години додека го земеш пасошот и после исчезнуваш од таму... крај. повекето така прават, затоа што со новозеландски пасош, можеш да живееш и работиш каде сакаш во светот, како полноправен граѓанин.. австралија, америка, кина, англија, британија... буквално каде сакаш... еве уште една статистика: нов зеланд има моментално нешто под 5 милиони жители што живеат таму, а живи новозеланѓани со пасош се нешто над 20 милиони... тоа се околу 15 милиони кои се низ светот отидени...