Јас го имав истиот проблем само во дневна, однодно не јас туку тој што живееше пред мене во станот во кој сега живеам.
Ставив стиропор па врз него гипс картон и сум презадоволен, пред да ставам изолација имаше тивки комшии и се се слушаше, потоа дојдоа други комшии кој беа немате поима колку гласни но веќе изолацијата беше ставена и се слушаше ептен малку, а на толку дерење од нивна страна бев презадоволен.
Инаку јас се смиелв меѓу стиропор и тервол, многу луѓе тоа ми го препорачуваа, се одлучив за стиропор и задоволен сум.
Инаку дополнителната изолација кај мене одзема 7 сантиметри од дневната, тоа е минимум, лајсните на кој се штрафи гипс картонот плус гипскартонот толку му доаѓа.