Како што спомнав, тресењето и подлупнувањето се осеќаше повеќе кај десното тркало. Денес мајсторот ги изваде тркалата да види визуелно што се случува со дисковите (претходно ја возеше колата, за да го сети тресењето). Дисковите визуелно се покажаа како прилично добри (шо се вели, имало месо на нив
), веројатно сменети во Германија, непосредно пред продажбата, пред 2 години да речиме. Ја проверивме предницата, комплетно. Не се најде ништо оштетено. Се' е во добра состојба.
По сугестија на мајсторот, го однесов едниот (десниот) диск на дреар. Чисто онака, да видиме што ќе се случи. Тресењето доаѓаше од таа страна, па го однесов само тој диск, малку да се зарамни.
Процесот траеше ептен кратко и кошташе 200 денари (и јас се изненадив колку малку кошта).
Се монтираше дискот и следуваше проба. Ни Т од тресењето. На угорница, на удолница...нема тресење.
Одлично. И онака не бев расположен за трошење пари (немам
) за дискови нови и плочки