Сношти на некој паркинг (не знам каде, сношти на три различни места се паркирав), некој ми ја поткачил колата. Ја подринил на задниот браник. Најверојатно со некоја афтермаркет монструм кука. На сликите не е добро доловен моментот, ама немав нерви да сликам повеќе:)
Ја видов колата дури ко си појдов дома, ко ја паркирав в гаража...
Цревата ми се превртија...
Денес рано рано, станав и дирек в гаража, да проверам, да не е здрав браникот, да не сум сонувал некој лош сон
Е не беше здрав
Се фрлив на санирање.
Со загревање на пластиката. Алатот далеку од индустриски фен, ама тоа имав на располагање:
После греење, горење на рацете дојдов до овој резултат:
На сликата малку исшмирглана е пластиката, имаше некои гребнатини...
Потоа малку боја:
Тоа е тоа. Сигурно можи и подобро, ама јас веќе ги подизгорив рацете, па можеби во друга прилика ќе се позанимавам уште малку