Фала ви за убајте зборој.
Ај полека да ви одговорам на прашањата
За спуштање-муштање не сум баш многу расположен. Чекам да ми падни некоја пара од небо и да и стегнам некој алуминиумски бандаш (со раткапни ми е сеа) и да ставам ALPINE радивце и тоа ќе биди. Доста ќе и е и онака наместо јас да јадам и да пијам, сега таа само јади и пија, со се партали ме изеде
Со никнејмот... Долга прича е тоа, ама ќе кажам накратко дека има значење: Некој скренат од памето (обично Глупсон ми е никнејм за по форуми, ама ај си викам овде нешто пософистицирано, за да не наидам одеднаш на одбивност, да ме сфатите крајно несериозно па да ме игнорирате
)
Не сум прв газда. Во февруари 2012 ја купив јас, од Германија е донесена (од доктор е возена, гарант хахахахах). Задоволен сум многу. И да, како што приметивте визуелно, прилично е зачувана. А јас да спомнам и дека и тоа што е под хаубата доста добро се понаша, предницата е стегната, нема тропање или лупање. И се' на неа функционира. За разлика од Ладата шо претходно ја тркалав, Дорчо е спејс шатл
Дефинитивно врија низ државава Пасати. Шо има еден муабет: смрди секаде на TDI
Ама сепак, мора да се признај, ваква боја како шо има Дорчо поретко
За кревање женски на хауба... Па добра идеја, ќе и дојди како полирање
Потрошувачката е таа, 6-6,5л
Ве поздравувам.
П.С. Се извинувам ако изоставив некое прашање.