Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Цитат: Deni на 11 Април 2018, 15:43:42 pmИма и фарбан еден врти по Партизанска и Илинденска, златен-жолт.И црн врти, светлосна година поубав е од тој бижутеријата... додуша не знам на Партизанска врти, ама на Илинденска да
Има и фарбан еден врти по Партизанска и Илинденска, златен-жолт.
Вчера го возев ова Битола-Благоевград-Берово-Кавадарци-Битола.2.0тди 150кс дсг менувач со 6 брзини.Внатрешноста има убави материјали,ама некои иако се убави евтино ми делуваа.Има и најевтина пластика кај седишта ова она ама не се гледа многу.Бучава нема многу,ама знае и на 120км/х да се слуша,шо според мене за кола од оваа класа и посебно за Пасат, најдобриот од најдобрите не би требало.Тој старт-стоп системот би го откорнал со се инсталација и је**ла вас екологија и заштита на животна средина и сл...Менувачот ок иако на моменти знае да изнервира,пример слегуваш на удолнина без гас на моторно кочење и знае да врати 2-3 степени подолу.Дај му малку гас на рамно ке нареди 2-3 степени нагоре.Али автоматик е пречи малку,дур менува сам шо го тркалаш.За цело патување потроши пола резервоар нафта,возено без никакво штедење колку шо дозволува патот.Ниту знам колку собира резервоарот,ниту проверив на компјутер моментална или било каква потрошувачка.Истотака не проверив колку точно километри изминавме ама беа околу 650-700км.(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)Инаку возилото имаше изминати 114Ккм,убаво беше стегнато,мада е скоро ново возило.
Ок тоа да задржува поголеми обртаи на удолница поради моторно кочење, но во 3та цело време? Би требало ако убрзаш и ја одземиш гаста но не целосно, да си смени 2 нагоре. Ова низ град кажуваш или и на отворено?
Шкода и Сеат не се вистински мејкери. Они само бутаат компоненти. Ништо свое. Sent from my Redmi 3 using Tapatalk
Во Атека јас би препорачал 2.0 тди особено ако се користи возилото на отворено. Новите 1.4 тси од 2013 немаат буквално никаква маана, барем до овој момент.