Автор Тема: Проблем со голф 5 1.4.  (Прочитано 2158 пати)

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Проблем со голф 5 1.4.
« на: 19 Септември 2012, 19:48:29 pm »
Голфот 5,1.4 атмосферец бензин.Светат ламбичките за жмигавците постојано,надворешно жмигавците ако ја мрднеш ракетата си трепкат,значи само внатре на шал таблата светат постојано,радиото работи но не свети дисплејот.

Пред 20 мин. голфот бил во ред,откако застанала на 5 мин со пуштени 4 жмигавци проблемот се јавил.

Некој осигурач е во прашање,дали треба вадење на клема за ресетирање на компијутер или компијутерска дијагностика.

Пријателка ми е,ми се јави пред 5 мин.и побара совет што да направи.Нема машко во нејзината фамилија и нема кој друг да и помогне.Па ако знае некој нека пише.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Проблем со голф 5 1.4.
« Одговори #1 на: 19 Септември 2012, 19:50:55 pm »
Пушти ја кај мене,ке видам шо можам да направам  :D :D :D Пробај со клемите нешто...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Проблем со голф 5 1.4.
« Одговори #2 на: 19 Септември 2012, 21:03:37 pm »
Ќе се оди школски,вадење клема и проверка на осигурачи.Па ако не се реши проблемот ќе се оди кај Калешката во Неготино,звер од електричар е.



Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Проблем со голф 5 1.4.
« Одговори #3 на: 19 Септември 2012, 23:50:39 pm »
И кај мене на кадетот ако пуштам 4 жмигавци, после тоа обичните не ми работат, па треба тоа кај што ми се пуштаат 4 жмигавци да го чепкам за да се оправат и затоа најчесто и не пуштам 4 жмигавци, така да и од форумов некој ако ме види да застанувам на кратко и не пуштам 4 жмигавци, ради ова е, нема после да ми работат обичните, па коа ке вртам ке ме пцуе некој оти не давам жмигавец  :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем со голф 5 1.4.
« Одговори #4 на: 20 Септември 2012, 00:30:26 am »
Нема машко во нејзината фамилија и нема кој друг да и помогне.

Хммм.... that sounds interesting... GPS coordinates pls? ;D

И радиото не е во ред и жмигавците? Не ќе да е од еден ист осигурач. Да пробаш со ресетирање на компјутерот и така нема да изгубиш ништо.
Ако тоа не помага, колата е во возна состојба терајте ја на дијагностика...

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Проблем со голф 5 1.4.
« Одговори #5 на: 20 Септември 2012, 22:40:00 pm »
Голфот среден.....

Извадена клемата,пиење кафица и сокич,лаф муабет држ недај,ужлебување клемата и проблем солвд.........
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!