Автор Тема: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)  (Прочитано 4797 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6101
  • 69
Како што кажува и самиот наслов.
На кратко ке прикажам еден од начините за декодирање на фабричко радио касетофонче од гамата на Пежо.
Имено станува збор за радиокасетофон на "Blaupunkt Peugeot T1 low", кој се вградува во 206-ка.
За голема среќа кодот на овој тип на радио не може да се искалкулира, а истото е случај и со голем дел од фабричките радија кои имаат кодови...Тоа е позитивно за оние што си ја разбираат работата, бидејќи на еден начин и живеат од таа работа...
На овој тип радио калкулаторор не фаќа, а и она што го дава како резултат е сосема погрешно :)
Така да многу лесно може да го блокирате целокупниот систем и да го направите декодирањето уште покомплексно и поскапо...Подобро за оној кој што треба да земе во таков случај, а полошо за оној што треба да си брцне во џебот...  ;D Него да не го тупам, еве како изгледа радиото:



Значи ништо специјално, класика на радиокасетофон од Блаупункт со можност за надоградба со ЦД шаржер...



Првата постапка е проверка на комплетната електроника и лоцирање на местото каде се наоѓа информацијата за кодот...На некој РК таа информација се наоѓа на неколку места, односно MCU+ eeprom, на некој е само во MCU-то, кај некој е само во eeprom-от...Таков е случајот со ова радио, односно информацијата за кодот е содржана само во еепромот. За таа цел тој треба внимателно да се извади, да се стави на ПЦ со цел да се исчита информацијата, за да потоа да може да се исчита и кодот.



За полесно вадење се премачкуваат контактите со флукс, народски кажано течен калафониум.



По вадењето на еепромот, се пристапува кон чистење на плочата со "десолдеринг" жица, која има улога да го собере вишокот од калај, а потоа плочата фино лепо а се исчисти од секаков вид на нечистотија, калафониум итн.





Така исчистената плоча ни е спремна за враќање на еепромот на своето место одкако ке се исчита фајлот со податоци од него...
Следен чекор е поставување на еепромот на лежиште за исчитување, кое јас во целиот хаос никако не можев да го најдам, па морав да импровизирам со жици, а притоа и да ги доправам ситните преправки на програматорот.  ;D За среќа успеав во тоа без никаков проблем, па целиот хаос изгледаше овака:



За да после го вклучам програмот и се да тргне како што треба. Тие што работат со оваква проблематика сигурно ке го препознаат програматорот кој може да се најде по интернет и да се изработи по потреба. Комплетно со цела документација, шеми и упатства...Не е воопшто сложен и комплициран, па така да кој има малку желба и знаење, може да си го направи...



Исчитаниот фајл имаме можност да го снимиме во неколку различни формати. Во случајов јас ке одберам екстензијата да биде *.bin како би можел да извршам исчитување на кодот од дадената и дефинирана локација на самиот фајл.



Исчитаниот код фино лепо си го запишуваме на ливче хартија. :) И повторно се враќаме на хардверот, односно на лемење на еепромот назад на плочата... Плочата фино се чисти за да не останат траги од калафониум и прљавштини, нормално и за да изгледа културно и пристојно.  Исто како што било и пред заХфатот :)





Овакво задоволство по мајстори би ве чинело од прилике колку што имам инфо за цените од 5 евра па нагоре...Конкретниов случај околу 500 денари вообичаено.
Доколку се потрудите сами да си го изработите уредот и се ова сами да го направите, ке ве чини дури 200 денари поефтино, а + и ке си научите нешто... :)

Се надевам дека се уште има ентузијасти кои ги интересираат овакви работи, а не само калкулирање на кодови со готови програми...Најчесто во пракса, кога се декодира некое радио, се менува постоечкиот код со друг код, нормално за заштита од пиратерија, такозвана во случајов :)))

За повеќе инфо, слободно прашајте :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
« Одговори #1 на: 19 Септември 2012, 00:14:38 am »
одличен 5
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
« Одговори #2 на: 19 Септември 2012, 00:38:53 am »
Супер претставено и објаснето, БРАВО!

Присутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1908
Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
« Одговори #3 на: 19 Септември 2012, 01:01:01 am »
Супер. Ме интересира со што ја чистиш плочата, кога лемам се ми се прави мрсно :D

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6101
  • 69
Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
« Одговори #4 на: 19 Септември 2012, 08:02:39 am »
За чистење на плочата има неколку начини...Мрсно не ти се прави, него останува калафониумот од калајот, освен ако не лемиш со паста...
Можеш со нитро, можеш со алкохол а можеш и со изопропил алкохол...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7038
Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
« Одговори #5 на: 19 Септември 2012, 09:24:06 am »
Секоја чест СалеСК !!!

Штета што немаме сите мирна рака за лемење ;D ;D ;D

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
« Одговори #6 на: 19 Септември 2012, 09:49:52 am »
Браво сале одлично објаснето.
Секоја чест СалеСК !!!

Штета што немаме сите мирна рака за лемење ;D ;D ;D
Ќути а мене струка ми е тоа....

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
« Одговори #7 на: 19 Септември 2012, 09:58:47 am »
ФАБРИКА !!! Респект докторе !!!

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
« Одговори #8 на: 20 Септември 2012, 02:53:23 am »
Dobar alat imas !

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6101
  • 69
Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
« Одговори #9 на: 20 Септември 2012, 07:50:07 am »
Вреемто пополека го изеде...Сеа има на IR леткуми итн...
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен google

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2396
Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
« Одговори #10 на: 20 Септември 2012, 13:05:45 pm »
abe doktor si e doktor... ;)

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
« Одговори #11 на: 20 Септември 2012, 13:13:12 pm »
одлично завршена работа,а калајот не е подобро со вакум пумпа да се извади?

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6101
  • 69
Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
« Одговори #12 на: 20 Септември 2012, 18:38:26 pm »
Калајот на овакво место со вакум пумпа не се вади...Само со десолдеринг жица... :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43559
  • Il Moderatore
Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
« Одговори #13 на: 20 Септември 2012, 19:42:57 pm »
Свака часс за туторијалов! :) Јас сепак, ако згусне - тебе ќе ти се обратам :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.