прикаската е на автопат ми излезе куче.од оние маалските што се пуштаат по коли(бар мене така ми личеше).ова буквално ми се пушти и тргна да ја напаѓа колата од страна.куче самоубиец

среќа го удрив со преден лев дел од браникот и со главата мавнало во браникот а со телото под/во предно лево тркало и го прегазив со задното.
немав време ни да закочам па застнав полека(возев 80-90км).
кога гледам од колата нешто тече ама тече ко од чешма.
одма помислив дека е хладњакот но по миризбата осетив дека е средството за миење стакло.
резерварчето е одма под браникот и ај викам од ударот пукнало.викам полиција,дојдоа направија увид и прашањево на полицаецот е:каде е кучето? викам што знам каде е гледав да спасам жива глава а ти ме прашуваш каде е кучето.почнаа да го бараат но не го најдоа.после едниот полицаец виде на мрежата огромна дупка и ја сликаше.
направија увид и тоа е.
на кратко процедурата оди вака:
одам во сава табак каде што ми беше осигурена по автоодговорност,и бараш штета по автоодговорност.таму сликаат,пополнуваш образец што како било и наместо они да ја бркаат и да се тужат со македонија пат,топката тебе ти ја префрлаат.ти сам да се тужиш со македонија пат.после тоа отидов во компанијата(ад осигурителна полиса) каде ми е каското и ти прават услужна подготовка со проценка на штета(пак сликање и проценка нивна). и те праќаат во сервис.сервисот прави детална проценка и во договор со проценителот од осигурителната компанија отвараат налог.
варјанти:
1.да направиш се сам на своја сметка и после да тужиш на суд.добиваш 100% сите ми го рекоа ова но време на чекање мин 1 год. па надаље. претходно треба копија од полициски увид,извежтај од сава табак,извешатај од ад осиг.полиса и фискална од сервисот.
2.активација на каско.плаќаш 200 евра а осигурителната компанија се друго.
од прилика штетата е :
браник 370 евра,резерварче 35 евра+работна рака и фарбање 150 евра
плус ако има и нешто друго.