Не знам зашто толку ве збуни потрошувачката на Аутлендерот? 12 литри во град се сосема нормални за 2-литарски дизел со 140 коња кој што треба да влече кола тешка 1800 кила што е аеродинамична како куќа, и има малку утнати односи на менувачот.
Како што веќе неколку пати сме правеле муабет, многу работи играат улога во потрошувачка, а односот моќност/тежина има голема улога. Затоа Фокус 1.6 троши помалку од Фокус 1.4, итн. Колку за споредба, 2.2-литрениот нов MIVEC дизел со 180 коња троши околу 10 во град, со нормално, полу-ентузијастичко возење, од лично искуство.