Автор Тема: Проблем со bmw 530xd 2005  (Прочитано 3353 пати)

Отсутен The Driver

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Проблем со bmw 530xd 2005
« на: 02 Септември 2012, 19:12:35 pm »
Дечки едно прашање, се работи за bmw 530xd 2005 година, после пат од околу 250км, застанувам и ја гасам колата и потоа да ја запалам не сака да запали, се си работи внатре во колата најнормално, но кога ке претиснам старт копчето колата не вергла и несака да запали. Ако некој има некакво слично искуство или знае за што се работи нека пише.. инаку колата е сервисирана комплет, значи улје филтри акулумлатор буквално се - генерален сервис, + да напоменам дека се рабои за мотор од 231кс и колата е аутоматик.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7348
Одг: Проблем со bmw 530xd 2005
« Одговори #1 на: 02 Септември 2012, 19:24:19 pm »
Дечко да те замолам да ја претставиш колата во гаража. ај те молам, па ќе најдеме решение  :)

Отсутен The Driver

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Проблем со bmw 530xd 2005
« Одговори #2 на: 02 Септември 2012, 19:43:51 pm »
ок, проблемот е што немам слики на комп, а дефекот ми се случува во моментот па ке ги претставам колите во текот на неделата, Ветувам!

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Проблем со bmw 530xd 2005
« Одговори #3 на: 02 Септември 2012, 19:59:37 pm »
Најпрво провери осигурачи, некој дефект со електрониката имаш.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Проблем со bmw 530xd 2005
« Одговори #4 на: 02 Септември 2012, 21:16:31 pm »
Извади плус клема од акумулатор, остави ја 10 минути врати ја клемата и пробај некоја глупост да не го збунува.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен The Driver

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Проблем со bmw 530xd 2005
« Одговори #5 на: 02 Септември 2012, 23:14:36 pm »
фала на одговорите, сето тоа го пробав но нема ефект. Колата ја поврзавме со компјутер и нема грешки, кога и справам самодијагносика не пријавува грешки.  Сумњам на имобилајзерот, ако некој има некоа идеја ке ми биде од помош!

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1832
Одг: Проблем со bmw 530xd 2005
« Одговори #6 на: 02 Септември 2012, 23:44:23 pm »
Пред било што да правиш, пробај со нов или друг акумулатор за кој си сигурен дека е исправен. Кога и да ми се расипал на било која кола акумулатор до сега ги има истите симптоми како кај тебе, даваш контакт се си работи нормално да заверглаш да запали, несака.

Инаку има искусни момци на форумов, се надевам ќе ти помогнат.
Поздрав

Отсутен The Driver

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Проблем со bmw 530xd 2005
« Одговори #7 на: 03 Септември 2012, 01:02:36 am »
Акумулаторт е нов, гелов купен е пред еден месец до два најмногу,  акумулаторот е оригинал т.е каков што пропишува производителот! Многу фала на досегашние одговори :D

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Проблем со bmw 530xd 2005
« Одговори #8 на: 03 Септември 2012, 03:01:57 am »
јбм ти аутоматик неможеш да го запалиш во 2ра ;D,во секој случај пробај со друг акомулатор.чудно што не ја дава грешката на компјутер

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Проблем со bmw 530xd 2005
« Одговори #9 на: 03 Септември 2012, 09:37:17 am »
Друже за таа кола да запали мењачот треба да е во Паркинг и да држиш кочница така?
Барем на повеќето автоматици така е, доколку еден од овие параметри не е така нема да запали т.е. нема да вергла.
Провери дали на инструмент таблата свети нешто различно од претходно, плус провери со отворена хауба (некој по можност да слуша кај моторот) кога ќе го стиснеш старт копчето дали напред нешто штрака или е се мртво (алансерот може да не го избацува запченичето или тој воопшто да не завртува ако се отидени четкиците или лагерите па да сака репарација или нов). Ова чисто само како претпоставка. А доколку ако некој од сензориве за кочница или за позиција на палката од менувачот е отиден нема да пали.
Пиши дали имаш проверено ова и дали си го решил проблемот.
Се надевам дека едноставно ќе се реши и без многу давачки.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6566
Одг: Проблем со bmw 530xd 2005
« Одговори #10 на: 03 Септември 2012, 13:44:40 pm »
Види провери да не имаш некоја жица откачено од алансерот, знам на другар исто така не му верглаше, па испадна дека имало жица откачено, легни под кола и провери, нема ништо да те кошта.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43559
  • Il Moderatore
Одг: Проблем со bmw 530xd 2005
« Одговори #11 на: 03 Септември 2012, 13:47:21 pm »
Јас не разбрав, колата има перманентен проблем? Сега не сака да запали воопшто, и е во дефект? Или после подолго возење не сака да запали, а кога ќе се олади/отстои си пали без проблем?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Проблем со bmw 530xd 2005
« Одговори #12 на: 03 Септември 2012, 14:08:27 pm »
можеби ќе звучи глупаво,али ја имаш проверено стоп сијаличката?

Отсутен The Driver

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Проблем со bmw 530xd 2005
« Одговори #13 на: 03 Септември 2012, 15:39:12 pm »
На колата овој проблем прв пат и се случува, и се уште не е запалена, алансерот е ок, го проверија, колата е во паркинг и ја држам кочницата нормално, пак не сака да запали, стига гориво до моторот така да не е нафтена пумпа, сега е во овластен сервис па ке видам што ке излезе па ке споделам. Ми рече еден мајстор дека имало некоја заштита од кражба поврзано со навигацијата, и се плакало тоа нешто, бидејќи колата е на старо купена, треба да проверам дали и го има тој уред (тој се става накнадно по желба на купувачот)и доколку го има пошто за него се плака како лиценца да не е истечена лиценцата и да не треба да се плати, ако не е платена колата нема да запали (ако има такво нешто тогаш мора да признаам  стварно ефикасен систем против кражба). Па ке видиме, сега за сега останува мистерија. Значи нема никакви дефекти по колата проверена е на компјутер, има опција да изврши  самодијагностика - таа  не покажува дефект, незнам што ке излезе! Позз до сите

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем со bmw 530xd 2005
« Одговори #14 на: 04 Септември 2012, 14:41:29 pm »
(ако има такво нешто тогаш мора да признаам  стварно ефикасен систем против кражба).

Јас би рекол ефикасен систем против кражба е систем кој ќе ти помогне да ја најдеш колата а не да се имобилизира и никогаш да не ја најдеш. Џабе се мачеле.