Објасни ми со аргументи, факти и неколку пластични примери.
И во случајов не се работи за гориво туку за мотор и начин на согорување на горивото.
Колку за илустрација, ако на еден мотор му додадеш турбо и притоа го користиш истото гориво, истиот тој мотор ќе добие драматично поголема снага и ќе му се намали потрошувачката. Зошто? Затоа што е зголемена ефикасноста на моторот па така поголема порција од енрегијата во горивото се претвара во механичка работа.
Понатаму, дизел горивото е уште повеќе послабо гориво од бензинот, но дизел моторите се многу поефикасни па така од истиот волумен или тежина на горивото секогаш ќе извадат поголема порција на механичка енергија.
Значи, не е тука битно само горивото туку прицнипот на работа.
Понатаму, волуменот на горивната смеса зависи од температурата. Колку е пониска толку волуменот за иста маса на смесата е помал. Значи во фиксен волумен може да се вбризга поголемо количество на горивна смеса доколку е таа поладна.
Значи, кај системот со вбризгување на течен плин (под голем притисок) неговата температура е -40'C. Со самото тоа го лади и воздухот, па така се овозможува поголемо количество на запаллива смеса да се внесе во цилиндрите. Практично ова е исто како зголемување на зафатнината на моторот.
Уште понатаму, плинот има многу поголема октанска вредност од бензинот, т.е. околу 110 октани во споредба со бензинот кој се движи од 85 до 100(за трки). Со самото тоа со плинот може да се постигне далеку поголема компресија, а колку е поголема компресијата толку е поефикасно согорувањето, а тоа значи дека поголем процент од смесата ќе се претвори во механичка енергија. Меѓудругото ова значи и повеќе можности за тјунирање на моторот.
На крај, во мојот мотор не е препорачливо да се стави евапораторски систем на плин. Страдаат вентилите, па единствена сигурна алтернатива е системот за директно вбризгувбање на течен плин.
Точно е тоа што велиш дека со плинот ќе се зголеми тежината на возилото, па кога би ставил обичен плин кој сам по себе ги деградира перформансите на моторот, тогаш возилото ќе ми биде забележително помалку агилно. Кога би ставил LPI тогаш разликата во тежина ќе биде на некој начин искомпензирана.
Згора на се, системот на LI овозможува целосно независна работа на плин. Значи колата се пали, се вози и се гаси на плин. Нема префрлање на бензин. Уште понатаму. Резервоарот за бензин може да се извади и на негово место да се стави резервоар за плин. Но, постои и опција постоечкиот резервоар за бензин да се преадаптира и да се користи за складирање на плин.
Единствен недостаток на овој плински систем е релативно краткиот живот на пумпата за гориво која се наоѓа во резервоарот. Таа мора да надрука многу голем притисок за плинот да не премине од течност во гас. Првите пумпи прегоруваа на неколку десетици иљади километри, но денес се многу поусовршени и траат многу повеќе. Бош има пумпи за кои гарантира 250000km или 5000 часа работа.