ford st, гледам дека имаш логика и познавања за моториве, али лигиката и познавање на работите, незначи и стручно познавање и точно мислење. Ај што истреска еден куп работи, секому се случува кој нема стучно познавање, ама и за малце ке ги убедеше луѓево во сето тоа. Ке ти "угасам" со неколку факти кои се спротивни на тоа што го кажа и ке те надополнам со знаење (МАШИНСТВО) кое очигледно го немаш. Кога збориме за Енергетска моќност на горивата и тоа дека бензинот има многу повеќе KJ/kg отколку плинот, да тоа е точно, НО (!) не значи дека силата на моторите произлегува директно те. 100% од таа вредност. Значи битни се и други фактори како ЕКСПЛОЗИВНОСТА (ширење на пламен кој се мери во метри во секунда), ОКТАНСКИОТ број (детонацијата и точно подесување на палењето) како и ИСПАРУВАЊЕТО кое ПЛНИОТ би го имал во цилиндарот (за ова подоле ке објаснам). Незнам дали знаеш но горивото Е85 е составено од 85% ЕТАНОЛ (со енергетска вредност ДУПЛО ПОМАЛА од бензинот) и 15% бензин. Еден куп коли (од обични па се до КОЕНИГСЕГ АГЕРА Р 1200КС!) имаат многу повеќе моќност на Е85 него на БЕНЗИН.
Вториов дел ке го посветам на терминот ТЕЧЕН ПЛИН, директно врпскување и што е поентата со тоа. Значи плинот (компримиран и втечнет) се впрсквуа директно во цилиндарот. Со самото тоа помага за ефикасноста и зголемување на мочноста на моторот од многу аспекти. Термичката ефикасност на моторот се подобрува (она што го збореше за искористување на енергијата) се подобрува КОЕФИЦИЕНТОТ НА ПОЛНЕЊЕ (колку воздух моторот може да всиса), те. ако моторот е со 2 литри зафатнина, поради големото внатрецилиндарско ладење од испарувањето на плинот (кај овој систем МНОГУ повеќе него кај БЕНЗИНЦИТЕ со ДИРЕКТ ИНЈЕКШН), ВСИСАНИОТ воздух се лади, му се намалува волуменот и со тоа можноста за уфрлање на доплонително количество ГОРИВО, односно моторот би се понашал како поглем мотор со поголема моќност. На крај ке завршам со придобивката од ПОГОЛЕМИОТ октански број на ПЛНИОТ, а со тоа подобро палење, целосно палење на смесата, можност за поголем BOOST и така натака!
Zаклучок, логиката без стручно знаење е само логика која држи вода и ништо друго
п.с. Дипломирав на тема ДИРЕКТНО ВПРСКУВАЊЕ кај бензински мотори, смер термичко инженерство, прашај го професорот и доцентот на оваа катедра, за моето знаење на тема МОТОРИ СВС (со внатрешно согорување)