Прееска налетав на еден невероватно педерски момент.. Околу пладне, на улица Максим Горки улетува пајак и почнува да дига кола. Малку ме збуни, затоа што зонското паркирање таму во недела е бесплатно. Меѓутоа, колата да ти била паркирана на место за инвалидизирани лица, а немаше налепница за инвалид на неа.
Меѓутоа, знакот дека паркинг-местото е за инвалидизирани лица е завртен накај плоштад, а не накај влезот на паркингот, така да тој што се паркирал таму воопшто и не би го видел. И додека двајца од вредните момци од пајак службата ја дигаа (несоодветно паркирана, морам да признаам) колата, други двајца малку комично (еден му правеше класична „индијанка“ на другиот) пробуваа да го завртат знакот накај влезот на паркингот, за да не може човекот да се буни. Криво ми е што не успеав да сликам, ама ептем ќе беше приметливо.
Колку што успеав да забележам, знакот е сеуште завртен накај плоштад.