Кога сме кај мајка шајка....кумашинов мој ако има потерсене шофер од него, ја еве те.
Од кај е тотално неисправен па и стално се кара кога ќе го запрат..без разлика зошто го запираат и одма ги тера у к..ац!
Се возимо со него за Штип, ете ти џандари кај Св.Николе и не запираат. Му викам немој да си се расправал...вика не бери гајле.
Добар ден...добар ден...документи вика џандаров....кумашинов вика...тешко....

Како тешко господине....така тешко....!
Возачка сообраќајна???
Возачката еве ти ја ако успееш да прочиташ нешто од неа (две парченца по едвај 4/5 цм во она најлончено).
Вика што е ова господине...вика кумашинов возачка...да си ја смениш под хитно зашто ќе те казнам...добро (нема грешка)
Сообраќајна...??
А тоа може ќе најдам.....ми вика... де побарај во фиоката...
Наоѓам една сообраќајна му ја давам...вика таа е...
Гледа џанадаров и вика...Господине колава е на фирма...Да де да....и не е регистрирана 2 години....

??
Е добро де вика кумашинов, пиши казна на фирмата...
Џандаров...господине...ве заправме за брзо возење а излезе дека немате ни документи ни е регистриран ни ништо колава...каде одите...(е тука се заеба шо го праша)
Шо те боли тебе кур каде одиме ние...Кумашинов....ја

(отвори се земјо голтни ме) ... тоа не е твоја работа...ако пишуеш казна пишуј, а каде одиме ич да не те боли.
Коа збесна џандаров....лелелее...колатава ќе ни ја зима...ја смируј ситуација...тегни м'кни.....едвам се извадивме да не пуштат да си одиме со колата...казна пишаа како и секогаш ама пошто на кумашинов не му смената на лична карта адресата на живеење и се уште се води во Скопје.....не платил ни една казна....
Еден ден кога ќе му дојдат сите на куп...ќе се смее....