Мене не ми е јасно како смеат да оштетат возило при дигање...?
Ако не знаат како треба нека не работат, а ако не им чини пајак возилото нека набават ново...!!!
Ееден тон пари земаат нека инестираат малку во ново возило...!!!
Додека еден ден не се најде некој опашан да ги демолира нема да им дојде памет...!
Сите пајаци се нови возила кои перфектно функционираат, во Скопје. Може да има некое оштетување на страницата ако се пикале за да стават шепи, ама ретко - скоро никогаш. Проблем не настанува ако се откачи врзаното возило и падне, пришто се откорне браник, крило, тркало, па има поголема штета која ќе биде признаена. Се има и ова случено, последно што сум видел на Авенсис. Таква е работата, сепак тие се компанија која е регистрирана за таква дејност. Само треба да се мнооооооооогу поактивни на критичните места во Скопје, особено во делот после битпазар или познат како Јаја Паша.
Еднаш ми се случи да ми ја дигнат колата пред Т-мобиле, ама одамна. И стоела таа, ја дигнале. Си одам накај дома, кола нема. Ајдеееее пајак велам. Добро. Ѕвонам во пајак и ми велат не е дигната таа кола... Е кога не ме стегна инфаркт тогаш. Бркај другари џандари, украдена колата - сред центар. Јави се во полиција се снимаат разговорите, да те има дека си пријавил. Ајде... И ми ѕвони телефон, абе тука ти е во пајак колата. Пффффффффффф, 44 кубика воздух излегоа од моите гради, платив колку платив, не ми ни текнува, и си ја земав. Ништо страшно што ја дигнале, веќе не се паркирам таму. Почнаа да дигаат, и нема веќе коли таму...
Ум за друг пат.