По скоро 10 години со оглед дека на почеток интересна беше темава коај ја почнав а и имаме интересна олдтајмер сцена у Македонија, си решив да си се вратам пак на форумов и да ја продолжам темава додуше скоро и никој више да не ја памти па ќе почнам од почеток у кратки црти. Инаку се викам Милан и сум од Тетово. Се работи за Дијана од 1980 година у моја фамилија т.е. кај татко ми и мајка ми од 1988 година когај е земена со 25.000км пројдени, возена само 3 години и останати 5 години стоена у гаража.
Со неа сум пораснат и единствен сон како мал и ден денес само ми беше оваа кола, Дијаната Дијаната Дијаната... Возена беше активно до 1999 година и до 2012 стоеше што у гаража што у двор и потребна беше реставрација. Неа ја почнавме 2012 некаде Декември прво со палење, па после лимарија купување и се останато и траеше негде до Јули 2013 коај и беше регистрирана пак. Од тогаш со пауза од една година од причина што си имав јас некои проблеми и знаев дека нема да можам да ја возам си стоеше у гаража и после година дена т.е. од 2020 повторно редовно се регистрира и вози. Освен коај е зима и снег. За почеток дека се избришани сликите ќе ставам скриншот од ФБ албумот како течеше се у кратки црти. Па после продужуем со приказната, додуше приказната таа е углавно, значи што се дешава со неа и слично, што се работело итн.