Мали козметички преправки.
Сменета рачката за менувачот и исчитени прекидачите за прозори.
Ваква беше рачката кога ја зедов....

Кожата искината, а тоа топчето горе многу оштетено.

Размонтирано се и почна со работа.
Во меѓу време имав ваков менувач, купен од Чаир за 150 ден.


Металнато капаче со бројки, исчистено, исполирано, средена бојата во гравираното и лакирано. (за жал кога го донесов дома ми падна од рака и падна на асфалт и се направи една мала дупка, ама ништо страшно

)

Мајсторот си заврши неверојатна работа со кожата. Секоја чест! Еве како испадна се комплет.



Во меѓу време се занимавав со командите за прозори.
Вакви беа пред мојата интервенција....

После многу чистење и стругање испаданаа вакви...

Малку се зезнав на ова левото, пластиката што беше од оздола беше бела, па малку отиде повеќе стругање. Ништо страшно, многу подобро од колку што беше. А десното си дојде како од фабрика.
Огромна благодарност до Аце - 106 - 307!! И нормално до мајсторот што го правеше ова ремек дело.
