Автор Тема: Goodyear пневматици што сами го регулираат притисокот!  (Прочитано 5076 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Goodyear иновациите ќе ја елиминраат потребата за пумпање на пневматиците   
Пимпањето гуми ќе стане минато...

Со иновацијата која се развива во лабораториите на компанијата Goodyear Tire & Rubber Company, деновите кога рачно пумпавме воздух во пневматиците кои изгубиле притисок можат да станат само далечен спомен.

Ако притисокот во пневматикот цело време би ја имал пропишаната вредност, не би било потребно притисокот да се проверува нити да се користи соодветна пумпа или манометар. Покрај тоа, би можело да се заштеди и на бензинската пумпа.



Резултатите на владините истражувања во индустријата покажале дека пневматиците со премногу низок притисок ја зголемуваат потрошувачката на гориво за 2.5 до 3.3 проценти, било да возите патнички автомобил или камион. Пропишаниот притисок во пневматиците допринесува нивото на емисија на гасови да биде пониско, векот на траење на пневматиците подолг, а сигурноста и перформансите на возилото подобри.

Технологијата Air Maintenance Technology (AMT) ќе овозможи во пневматиците да се одржува оптимален притисок, а да не биде потребна никаква надворешна пумпа или електронски уред. Сите составни делови на системот АМТ, вклучувајќи и минијатурна пумпа, ќе бидат вградени во пневматикот. „Оваа технологија инаку е комплицирана, но идејата која стои зад системот АМТ е релативно едноставна – доволно е пневматикот да се тркала по патот“, вели Jean-Claude Kihn, заменикот претседател и главен технички директор на компанијата Goodyear.



„Пневматик кој сам може да го одржува пропишаниот притисок на воздухот е нешто што возачите одамна го сакаат. Goodyear го прифати тој предизвик, а напредокот кој го постигнавме е повеќе од стимулативен“, додава Kihn.
„Тоа ќе биде таков вид технолошко достигнување што луѓето ќе прашуваат како можеле да живеат без тоа“. Goodyear не дава проценка кога оваа технологија би можела да биде на располагање во продажба, но наведува дека работата значително ќе биде забрзана благодарение на донациите од САД и ЕУ.
Канцеларијата за технологија на возила при Министерството за Енергетика на САД во средата објави дека доделило средства во висина од 1.5 милиони долари за истражувања, развој и приказ на системот АМТ за пневматици за земјоделски транспортни возила. Со средствата ќе управува Националната лабораторија за технологија и енергетика, а работата ќе се одвива во Иновацискиот центар на компанијата Goodyear во Акрон, Охајо.

Goodyear во јули успешно ја замоли владата на Луксембург за донација за истражување и развој на системот АМТ за патнички пневматици. Работата ќе се одвива во Иновацискиот центар на Goodyear vo Колмар-Берг во Луксембург. „Концептот е сличен, но меѓу системите АМТ кај пневматици за патнички и земјоделски возила постојат значителни разлики“, објаснува Kihn. „Материјалната поддршка на владата на САД и Луксембург укажува на важноста на наведените проекти и бројните предности кои ќе ги имаат возачите ширум светот“.  Освен тоа, канцеларијата за технологија на возила при Министерството за енергетика завчера објави дека ќе донира 1.5 милиони долари за заедничкиот проект на компанијата PPG Industries и Goodyear за намалување на отпорот на тркалање на пневматиците и зголемување на ефикасноста на потрошувачката на гориво.



Целта на проектот е да се зголеми просечната ефикасност на потрошувачката на гориво во возниот парк на патнички возила со користење на нови технологии на газечкиот слој и заптивната плоча на пневматикот. „Напредните технологии кои не се гледаат со очи – како што се оние на кои работиме заедно со PPG – ќе допринесе пневматиците да обезбедат значително поголема ефикасност на потрошувачката на гориво, при што сите други важни карактеристики, како што се лежењето на подлогата и долгиот век на траење на газечкиот слој, нема да бидат загрозени“, вели Kihn.


http://koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=1963
« Последно менување: 25 Август 2011, 08:36:54 am LosiPatista »

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Goodyear пневматици што сами го регулираат притисокот!
« Одговори #1 на: 24 Август 2011, 18:42:53 pm »
Skoro so garancija ovie gumi ke odat seriski vo Corvette, kade po tradicija se vgraduva samo kvalitet.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29589
    • CARclub.mk
Одг: Goodyear пневматици што сами го регулираат притисокот!
« Одговори #2 на: 24 Август 2011, 18:57:28 pm »
Најдобро решение од сите имаше Michelin пред скоро 10-тина години, со нивната Tweel иновација.







Фала богу, гумата би била затворена, ова е колку да се покаже како функционира. Според мене, ова е најдобар (и најбезбеден) систем за гума. Штета што никогаш (барем колку што знам) не отиде во сериско производство.

EDIT: И наведувај извор од каде ги ќаруваш статиите.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Goodyear пневматици што сами го регулираат притисокот!
« Одговори #3 на: 25 Август 2011, 03:23:52 am »
Мислам, дека новиов систем, нема да помине...

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20625
Одг: Goodyear пневматици што сами го регулираат притисокот!
« Одговори #4 на: 25 Август 2011, 08:26:06 am »
Skoro so garancija ovie gumi ke odat seriski vo Corvette, kade po tradicija se vgraduva samo kvalitet.

;D

За Corvette ќе направат серија "Best Year", пошто "Good Year" не е доволно перфектно за такво возило.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Goodyear пневматици што сами го регулираат притисокот!
« Одговори #5 на: 25 Август 2011, 08:31:38 am »
Tweel tesko da uspee. Ova ima golemi sansi

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Goodyear пневматици што сами го регулираат притисокот!
« Одговори #6 на: 25 Август 2011, 08:32:17 am »
Skoro so garancija ovie gumi ke odat seriski vo Corvette, kade po tradicija se vgraduva samo kvalitet.

;D

За Corvette ќе направат серија "Best Year", пошто "Good Year" не е доволно перфектно за такво возило.

Mi se dopaga ;D

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20625
Одг: Goodyear пневматици што сами го регулираат притисокот!
« Одговори #7 на: 25 Август 2011, 08:49:07 am »
Дени и Рики никад нема да купат вакви гуми (кога ќе им почне продажбата)... Двајцата се љубители на благо повишен притисок во гумите, а овој пнеуматик нема да им го дозволи тоа :D
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7783
  • Плинаш!!!
Одг: Goodyear пневматици што сами го регулираат притисокот!
« Одговори #8 на: 26 Август 2011, 17:21:20 pm »
Дени и Рики никад нема да купат вакви гуми (кога ќе им почне продажбата)... Двајцата се љубители на благо повишен притисок во гумите, а овој пнеуматик нема да им го дозволи тоа :D
ха ха ха ха ха +1

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Goodyear пневматици што сами го регулираат притисокот!
« Одговори #9 на: 26 Август 2011, 17:25:42 pm »
Знаеме ние како треба, не како вас со издишани цело време. Овие се Татковски гуми, за оние кои сакаат да ги подиздишат малце гумите... Да неможе.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Goodyear пневматици што сами го регулираат притисокот!
« Одговори #10 на: 26 Август 2011, 18:09:56 pm »
Ме чуди само како ќе успеат да ги вградат сите делови на системот во гумата а тоа да не влијае на балансот на гумата...и како ќе се вулканизира ако се дупне?

Едно тегче од 5 грама стави на тркало и ќе ти тресе мислиш тркалото ке ти излезе...Не ми е јасно ова како ќе го решат?
« Последно менување: 27 Август 2011, 11:49:02 am Sportex »

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Goodyear пневматици што сами го регулираат притисокот!
« Одговори #11 на: 31 Август 2011, 10:44:49 am »
Знаеме ние како треба, не како вас со издишани цело време. Овие се Татковски гуми, за оние кои сакаат да ги подиздишат малце гумите... Да неможе.

Остај ги бе... немаат поим...

Со меги гуми, се губи стабилност, поголема потрошувачка, побрзо се трошат гумите, по споро иде колата...

Со татко ми, се карам он се запнал... 1.8, а земав јас му ги напумпав... 2.3 со 2.3 и ми вика... у што и станала на колава иде по лесно :))))