Goodyear иновациите ќе ја елиминраат потребата за пумпање на пневматиците
Пимпањето гуми ќе стане минато...
Со иновацијата која се развива во лабораториите на компанијата Goodyear Tire & Rubber Company, деновите кога рачно пумпавме воздух во пневматиците кои изгубиле притисок можат да станат само далечен спомен.
Ако притисокот во пневматикот цело време би ја имал пропишаната вредност, не би било потребно притисокот да се проверува нити да се користи соодветна пумпа или манометар. Покрај тоа, би можело да се заштеди и на бензинската пумпа.
Резултатите на владините истражувања во индустријата покажале дека пневматиците со премногу низок притисок ја зголемуваат потрошувачката на гориво за 2.5 до 3.3 проценти, било да возите патнички автомобил или камион. Пропишаниот притисок во пневматиците допринесува нивото на емисија на гасови да биде пониско, векот на траење на пневматиците подолг, а сигурноста и перформансите на возилото подобри.
Технологијата Air Maintenance Technology (AMT) ќе овозможи во пневматиците да се одржува оптимален притисок, а да не биде потребна никаква надворешна пумпа или електронски уред. Сите составни делови на системот АМТ, вклучувајќи и минијатурна пумпа, ќе бидат вградени во пневматикот. „Оваа технологија инаку е комплицирана, но идејата која стои зад системот АМТ е релативно едноставна – доволно е пневматикот да се тркала по патот“, вели Jean-Claude Kihn, заменикот претседател и главен технички директор на компанијата Goodyear.
„Пневматик кој сам може да го одржува пропишаниот притисок на воздухот е нешто што возачите одамна го сакаат. Goodyear го прифати тој предизвик, а напредокот кој го постигнавме е повеќе од стимулативен“, додава Kihn.
„Тоа ќе биде таков вид технолошко достигнување што луѓето ќе прашуваат како можеле да живеат без тоа“. Goodyear не дава проценка кога оваа технологија би можела да биде на располагање во продажба, но наведува дека работата значително ќе биде забрзана благодарение на донациите од САД и ЕУ.
Канцеларијата за технологија на возила при Министерството за Енергетика на САД во средата објави дека доделило средства во висина од 1.5 милиони долари за истражувања, развој и приказ на системот АМТ за пневматици за земјоделски транспортни возила. Со средствата ќе управува Националната лабораторија за технологија и енергетика, а работата ќе се одвива во Иновацискиот центар на компанијата Goodyear во Акрон, Охајо.
Goodyear во јули успешно ја замоли владата на Луксембург за донација за истражување и развој на системот АМТ за патнички пневматици. Работата ќе се одвива во Иновацискиот центар на Goodyear vo Колмар-Берг во Луксембург. „Концептот е сличен, но меѓу системите АМТ кај пневматици за патнички и земјоделски возила постојат значителни разлики“, објаснува Kihn. „Материјалната поддршка на владата на САД и Луксембург укажува на важноста на наведените проекти и бројните предности кои ќе ги имаат возачите ширум светот“. Освен тоа, канцеларијата за технологија на возила при Министерството за енергетика завчера објави дека ќе донира 1.5 милиони долари за заедничкиот проект на компанијата PPG Industries и Goodyear за намалување на отпорот на тркалање на пневматиците и зголемување на ефикасноста на потрошувачката на гориво.
Целта на проектот е да се зголеми просечната ефикасност на потрошувачката на гориво во возниот парк на патнички возила со користење на нови технологии на газечкиот слој и заптивната плоча на пневматикот. „Напредните технологии кои не се гледаат со очи – како што се оние на кои работиме заедно со PPG – ќе допринесе пневматиците да обезбедат значително поголема ефикасност на потрошувачката на гориво, при што сите други важни карактеристики, како што се лежењето на подлогата и долгиот век на траење на газечкиот слој, нема да бидат загрозени“, вели Kihn.
http://koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=1963