Адитивите и принципот за прочистување со ваква постапка понекогаш не само што може да биде неуспешен, туку може да предизвика и обратна реакција од очекуваното...Имено, доколку има многу големи нечистотии и наслаги, заради агресивноста на адитивите може да дојде до одкинување или одронување на поголемо парче нечистотија, гареж и слично, па да дојде и до некое запушување...Претпоставувам затоа и адитивот го раствараат во нафтата и со тоа се намалува неговата агресивност...
Искрено, ваква процедура е можда добро да се направи после некаков си зафат на моторот, но претходно и не глеам некој бенефит...Еве Аце пробал, сам кажа дека не е задоволен...Но можеби и проблемот кај него конкретно не бил за чистење или незнам што на системот...Можеби има нешто друго...
Јас искрено сум противник на користење на адитиви, освен во некој одредени случаеви, пример адитив против замрзнување на нафтата...Но тоа беше порано..Во самата нафта веќе има адитив против замрзнување, така да се екстра е само гаење на лажни илузии и фрлање на пари...
Истото го сметам и за маслото за менувач и маслото за мотор...
Истрошено возило си е истрошено...Адитивот не може да го намали просторот меѓу клипот и цилиндарот ако е тој вон толеранција...тоа е непобитен факт, и никој не може да ме убеди во спротивното...
Сите масла во денешно време се тестирани, изработени по најсовремени методи, нема лошо, но затоа има поквалитетно или помалку квалитетно...Сите се изработуваат и се прават за да задоволат одредени стандарди и се водат според нив...Така да тоа е тоа...