Zdravo carclub people,
pred nekoja nedela za prv pat sednav vo alfa 147 jtd, ljubov na prvo vozenje, megjutoa nikogash ne sum bil entuzijast za koli i nemam mnogu golemo poznavanje. Baram da kupam nekoja dobro odrzhana 147ca barem od 2002 pa nagore, ne postara od 10 godini. Ako nekoj od vas ima idei od kade e najpametno da se kupi takvo neshto, bi bil blagodaren na sugestii. Ne mi e tolku bitno dali e so 8 ili 16 ventili i dvete imaat prednosti i mani kolku shto vidov, najbitna mi e sostojbata na kolata.
Pozdrav do site.
Состојба на кола ќе увидиш дури откако ќе ја имаш најмалку месец дека, со 2 дена возење ништо. Годината на производство нека не ти биде водич. Многу поважно е како е одржувана и во каква состојба е. Ако те интересира подетално за тој модел слободно можеш да се обратиш. Генерално провери си СЕ, И нормално, кликни ги сите копчиња дали работат, буквално СИТЕ, од брисачи, терепкачи, борд ПЦ, прскалки за вода, АСР копчето, подесување на висина на фарови, радио ЦД, рачна кочница ... состојба на амортизери, како фаќа ламелата, како постигнува температура моторот, ... и најважно КОРОЗИЈА. Алфите се галванизирани (поцинкувани) фабрички, не би требало да има проблем, меѓутоа ти сепак провери си. Ова важи за сите коли, не само за таа што имаш мерак моментално.
Најчест проблем се горните виљушки од подвозјето (ќе чуеш гумен звук на чкрипење кога ќе проаѓаш на нерамен пат, при ниски брзини), додека кај моторот гумените црева од турбото од старост знаат да попуштат, кај 16 вентилската изведба бара менување и на водна пумпа при промена на ребраст.