Автор Тема: Најдобро теренско возило???  (Прочитано 240219 пати)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #780 на: 26 Јануари 2014, 20:36:33 pm »
J like новиот кокошарник,со 2.0дци...Мх,мх,мх :)

Одамна не го нудат 2.0 дЦи во Кашкаи. Новиот исто го нема.

 Нај јакиот е 1.6 дЦИ со 130кс

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14243
  • Пудингот на шоферството
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #781 на: 26 Јануари 2014, 20:37:52 pm »
Тоа кај нас или секаде?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #782 на: 26 Јануари 2014, 20:38:14 pm »
Тоа кај нас или секаде?

Секаде. Не се нуди Кашкаи 2.0 дЦИ. Јас уште кога купував опција ми беше само 1.6 дЦИ 130 кс

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #783 на: 26 Јануари 2014, 20:44:12 pm »
Они свашта ќе кажат за да се оправдаат. Малце ко` бугар да звучам, ама реално, пробуваат да „стиснат“ што повеќе ќар во продадените возила. Ако може голф да се откаже од мултилинк - може и кашкаи, зошто да не?

Со други зборови одат на шминка изглед, и непознавање на нивните клиенти.

Треба да си луд да купиш ова со покачена цена покрај Шкода Јети со Мултилинк во секое нивно возило, и со избор на подобри мотори за многу пониска цена.

За жал очекувам и некаква нова генерација на Јети да ги направи истите чекори на правење поголем ќар ко и другите

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #784 на: 26 Јануари 2014, 20:49:20 pm »
Баш познавање на клиентите го прави тоа. Крати кај што не се глеа, тури шминка кај што се глеа. Тоа е мнозинството на  X-over клиентелата - Оние другине, само сакаат теренец, ама не можат да си приуштат вистински, па гледаат компромис во Crossover-ите. Sorry if it hurts.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14243
  • Пудингот на шоферството
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #785 на: 26 Јануари 2014, 20:51:19 pm »
Гледам низ Германија се нудел во 2013 2.0дци.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #786 на: 26 Јануари 2014, 20:53:35 pm »
Баш познавање на клиентите го прави тоа. Крати кај што не се глеа, тури шминка кај што се глеа. Тоа е мнозинството на  X-over клиентелата - Оние другине, само сакаат теренец, ама не можат да си приуштат вистински, па гледаат компромис во Crossover-ите. Sorry if it hurts.

Да ама кратењето на мултилинк не е само кај кросоверите. Еве и кај Голф и Октавија, што треба да имаат добар хендлинг.

Баш е користење на непознавање на клиентите, и проценка од маркетинг истражувањата за тоа. Произведувачите ги користат таквите информации како да заработат повеќе па и на име на квалитет.

Прават убав целофан со подскапана суштина

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #787 на: 26 Јануари 2014, 20:55:46 pm »
Гледам низ Германија се нудел во 2013 2.0дци.

Hmm.. 1.6 dCI беше пуштен за да се тргне 2.0 dCI. Кога јас купував немаше веќе можност за 2.0 дЦИ, ама можда во некои западни земји останало како опција, или тие што се нудат како 2013, се у ствари произведени 2011

Еве од Wikipedia:

"2011 engine update[edit]
A new 1.6 dCi engine replaces the previous 2.0 dCi. Peak power is down from 155 kW (208 bhp; 211 PS) to 95 kW (127 bhp; 129 PS), but there’s the same 320 N·m (240 lb·ft) of torque, available at 1750 rpm, rather than 2000 rpm. Nissan hasn’t released full performance figures, but says the 1.6 dCi has a quicker 50–80 km/h (31–50 mph) acceleration figure than the 2.2 dCi."

http://en.wikipedia.org/wiki/Nissan_Qashqai




Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #788 на: 26 Јануари 2014, 21:06:17 pm »
Баш познавање на клиентите го прави тоа. Крати кај што не се глеа, тури шминка кај што се глеа. Тоа е мнозинството на  X-over клиентелата - Оние другине, само сакаат теренец, ама не можат да си приуштат вистински, па гледаат компромис во Crossover-ите. Sorry if it hurts.

Не друже. Ако некој сака да купи теренец - ќе си купи. Кросоверите - особено овие накитените со опрема - не се поефтини од теренци. Има теренци во опсегот од 20 до 30 бона.

Имаш предрасуди. Според принципот на Окам, тоа е најверојатното објаснение. Сакаш спуштени коли - оваа е крената - обратно од тоа што тебе ти праи ќеф - противприроден блуд - анатема.

Не се обидувај да рационализираш нешто што е интристично ирационално, како на пример твоите чувства спрема кросоверите. Шминка има кај сите коли, не само кај кросоверите. Треба да се потсетуваме на спојлерите позади кај лансерот? За дифузерите кај коли со 1.2? За широки гуми и спуштено подвозје кај разни косилици? Не приметив на некој да му сметаат заштитните пластики кај октавија скаут? Никој не ја нарече шминка. Примери има безброј.

Не ти се свиѓа, не купувај, фајн. Ама немој да мислиш дека некој сакал теренец ама неможел да си купи па затоа купил кросовер. Тоа е глупо, пошто за истите пари има и теренци. Или дека сака курот да го покажува, пошто ако сакал за тие пари ќе купел ал... нешто друго.Не оди таму. Пошто некој од страна ако гледа ќе си помисли дека е синдром на кисело грозје. А неќеш така никој да помисли, нели?

Ja до сеа како што разбрав најголем грев на кросоверите е што ИЗГЛЕДААТ како теренци. Тоа е тоа.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #789 на: 26 Јануари 2014, 21:25:50 pm »
Октавија Скаут има погон на 4 тркала и е малку подигната. Не можеш да ја нарачаш само со погон на предни. Да не беше така, истото ќе важеше и за Скаут.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #790 на: 26 Јануари 2014, 21:33:46 pm »
Октавија Скаут има погон на 4 тркала и е малку подигната. Не можеш да ја нарачаш само со погон на предни. Да не беше така, истото ќе важеше и за Скаут.

СУВ купуваш по принцип на швајцарски нож, има разни способности, ама не е најдобар во ниедна од нив. Таквата способност може да биде баш одлична за потреби на семејство, што не се трка, не вози пребрзо, а го користи за доста шетање и викенди.. Или за луѓе чии Outdoor хобија се поголема пасија  од ентузијазмот при возењето на возилото..

Не купуваш ни Шкода Октавија Скаут ради off road.

СУВ купува некој што сака простор за своето семејство или хобија, што оди на викенди, и што му е побитно да има удобни возни карактеристики, а не спортски возни перформанси. Што му е ок да излезе на некаков можда несериозен off road или на скијање па полесно да се справи со снег -от, или едноставно да го ака по лоши патишта или тротоари.

Јас гледам по себе. Кога го возам Цитроен -от, пазам на каков тротоар паркирам, и секое спуштање од тротоар го акнувам.

Со ЦР-В то во овој поглед ми е далеку попрактично. Црните заштитни пластики и те како имаат поента. Те спасуваат од фарбање и слично при ситни гребаници, удари на паркинг, камчиња и слично.

За возни каркактеристики, имав прилика да возам Шкода Октавија новиов модел со 1.2 тси до Тетово и назад, и можам да кажам дека ЦР-В то има подобри возни карактеристики од Шкодата (иако пониска, иако нели треба баш да има подобри возни карактеристики).

Не е до толку да СУВ нема поента.. Си има свои намени, само треба да се види дали тие намени одговараат или не




Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #791 на: 26 Јануари 2014, 21:39:27 pm »
Баш познавање на клиентите го прави тоа. Крати кај што не се глеа, тури шминка кај што се глеа. Тоа е мнозинството на  X-over клиентелата - Оние другине, само сакаат теренец, ама не можат да си приуштат вистински, па гледаат компромис во Crossover-ите. Sorry if it hurts.

Да ама кратењето на мултилинк не е само кај кросоверите. Еве и кај Голф и Октавија, што треба да имаат добар хендлинг.

Баш е користење на непознавање на клиентите, и проценка од маркетинг истражувањата за тоа. Произведувачите ги користат таквите информации како да заработат повеќе па и на име на квалитет.

Прават убав целофан со подскапана суштина

Конкретно кај голф, кај оние ентузијастичките модели кои „треба“ да имаат добар хендлинг (мада мултилнк повеќе влијае на комфортот отколку на хендлингот), има мултилинк. Октавија е најефтиниот бренд од ВАГ групацијата, согласно тоа, може и да нема мултилинк - што сакаш ти за парите?

Баш познавање на клиентите го прави тоа. Крати кај што не се глеа, тури шминка кај што се глеа. Тоа е мнозинството на  X-over клиентелата - Оние другине, само сакаат теренец, ама не можат да си приуштат вистински, па гледаат компромис во Crossover-ите. Sorry if it hurts.

Не друже. Ако некој сака да купи теренец - ќе си купи. Кросоверите - особено овие накитените со опрема - не се поефтини од теренци. Има теренци во опсегот од 20 до 30 бона.

Имаш предрасуди. Според принципот на Окам, тоа е најверојатното објаснение. Сакаш спуштени коли - оваа е крената - обратно од тоа што тебе ти праи ќеф - противприроден блуд - анатема.

Не се обидувај да рационализираш нешто што е интристично ирационално, како на пример твоите чувства спрема кросоверите. Шминка има кај сите коли, не само кај кросоверите. Треба да се потсетуваме на спојлерите позади кај лансерот? За дифузерите кај коли со 1.2? За широки гуми и спуштено подвозје кај разни косилици? Не приметив на некој да му сметаат заштитните пластики кај октавија скаут? Никој не ја нарече шминка. Примери има безброј.

Не ти се свиѓа, не купувај, фајн. Ама немој да мислиш дека некој сакал теренец ама неможел да си купи па затоа купил кросовер. Тоа е глупо, пошто за истите пари има и теренци. Или дека сака курот да го покажува, пошто ако сакал за тие пари ќе купел ал... нешто друго.Не оди таму. Пошто некој од страна ако гледа ќе си помисли дека е синдром на кисело грозје. А неќеш така никој да помисли, нели?


Да, знаев дека боли. Нема везе. Немам предрасуди. Имам мислење. Ако тебе не ти се допаѓа мислењето, не значи дека имам предрасуди. Поздрави го Окам. Баш прашај луѓе што ме познаваат, дали им завидувам на горозјето на кросоверџиите, сигурно ќе добиеш интересни одговори.
Јас би те замолил да се оградиш од анализите на мојата личност и ако имаш да дискутираш околу возилата би било згодно да го правиш тоа без лучни психоанализи. Ми пречи.

Реков дека повеќето не купуваат ЦУВ зошто им треба теренец, туку напротив, еден помал дел, купуваат зошто не можат да си приуштат асален теренц. Ајде да видиме колку чини основна верзија на Митсубиши Паџеро Спорт. Прв асален теренец по цена (меѓу најефтините). Па да видиме колку чини основна верзија на кашкаи. Може ќе ти стане јасно. За да стигне до паџеро спорт, тој што купува „џипче“ ќе треба да даде пари за два кашкаиа. Ама он гледа „џипче“ во кашкаито. Тоа не можеш да го оспориш (уствари ти можеш).

Поголемиот дел купувачи се:

Цитат
Aging baby boomers. Couples with small kids. Single people with dogs.

All three groups love compact crossover SUVs, utility vehicles built mainly on small-car frames that are among the hottest-selling vehicles in the U.S.

Цитат
SUV/Crossover: Jack up the ground clearance of a hatchback or station wagon, and you have a crossover or an SUV. Do you need that ground clearance? Probably not. When was the last time your road didn’t get regularly plowed or cleared? Sure, it happens—most often to those of us in the northern part of the country, and that’s a few times a winter—but the fuel-economy penalty of opting for a taller and heavier vehicle is something that affects you every time you start the car.

Коросоверите не се во мој видокруг, освен кога ќе видам како некој на семафор за мал удар кој би требало да биде бампер ту бампер без штета, се случува бампер ту фарови, хауба предна маска - со многу штета, или бампер ту задни штопови, гепек/петта врата, во зависност дали е кросовер/сувот напред или позади во ситуацијата. Но тоа што не се во мојот видокруг на поседување, не значи дека немам убаво изградено мислење за нив. Не предрасуди.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #792 на: 26 Јануари 2014, 21:41:53 pm »
Дарко, се согласувам со скоро се.

Но. Погон на предни тркала и офроад стајлинг за возило што нема да излезе од град ми е многу без врска. Јас така го доживувам, не мора да се согласите со мене. Ако не дај да ги вратиме пластичните браници, што ќе ни се во боја на каросерија, овие офарбаниве многу лесно се гребат.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #793 на: 26 Јануари 2014, 21:42:54 pm »
Конечно после две-три години пауза, повторно бев на брзински Off Road! Со Лада Нива, исклучиво по ниви, шуми и слични беспатија. Дејствието се одвиваше од другата страна на Водно до репетиторите. Не можев да пронајдам начин од оваа страна како да стигнам и до крстот.
Ме изненади мекоќата и амортизацијата на Нивата (ОК, седиштата и беа од Фиат Типо) и имаше нови гуми (од Мида - стандардни). Се возеше максимално брзо по тесни козји патеки со бразди и по еден метар, на непознат терен, а не фати и ноќ, па во неколку наврати навлеговме и во нечии приватни поседи :)
Теренот глинест, кал, стрмен, некаде карпест, а најгоре смрзнат и со снег. Ладата се покажа прекрасно (конвертирана на плин), одушевен сум од способностите, иако претходно имам возено и други цивилни теренци (а у војска бев инструктор на воени возила). Нема никакви модификации, стандард е со 1.7 мотор. Имам некои клипови (мнооогу лоша снимка од мобилен, снимано е од задно седиште, башка Нивата скокаше како луда при таа брзина... не се за пуштање :/ ).
Значи за мене (треба да се направи и анкета у темава) Ладата Нива и Сузукито Самурај се одлични забавни теренци, ефтини за одржување, да не ти е жал да им ја вадиш маста и да си примиш максимална доза Адреналин. Кажувајте каде има добри терени за оф роуд околу Скопје ;)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #794 на: 26 Јануари 2014, 21:43:56 pm »
Баш прашај луѓе што ме познаваат, дали им завидувам на горозјето на кросоверџиите, сигурно ќе добиеш интересни одговори.

Знам дека не завидуваш. Токму затоа те предупредив дека така изгледа од страна, пошто запаѓаш во глупости. „некој не може да си купи теренец, а сака, па затоа купува сув“ е глупост. Исто ко „труло од внатре“ (што е побогу труло?! тоа што личи на џип?!) или она од пред неколку месеци „2вд кросовер има исти офроуд способности ко спуштена обична кола“. Немој друже. Немој.

Затоа ти реков да не идеш таму. Токму затоа што ЗНАМ дека НЕ завидуваш.

Но. Погон на предни тркала и офроад стајлинг за возило што нема да излезе од град ми е многу без врска.

Па така кажи бе бачко. СТАЈЛИНГОТ не ти чини. Да нема - како беше? - недоразбирања. Се пењавиме тука за возни својства, офроуд-мофроуд, а оно уствари стајлингот не чинел.

Ако не дај да ги вратиме пластичните браници, што ќе ни се во боја на каросерија, овие офарбаниве многу лесно се гребат.

Не се гребат ако не се буташ у грмушки и ако не возиш у трета по камења. Со кросовер се буташ и возиш у трета по камења (пошто е подигнат, нема везе што е 2вд)