Како некој со повеќегодишно искуство со качување со теренец по планини и возење на сериозно тешки терени, ќе го кажам ова: Главната предност на лада нива е што е ЕФТИНА. Нејзините офроуд способности се прилично добри, но никако не е најспособно теренско возило. Имав прилика да возам Jeep Cherokee CRDI по истите патеки по кои возев лада нива. Онаму каде што нивата едвај се качуваше, со многу возбуда, чирокито се качуваше со леснотија и без никаква драма. Е сеа, чирокито чини едно 10 ПАТИ повеќе од нивата и не дај боже да скршиш кардан, диференцијал или спона. Но дека е по способно возило - дефинитивно е.