Се приклучувам на клубот што го боли модро маде за тоа како се однесува фвд кросовер на пат и вон него. Уствари, се приклучувам на луѓето што мислат за фвд кросовери исто како и за ол сизн гуми.
Јас не те прашав дали се приклучуваш во ТОЈ клуб.
Пази сеа:
Симо: fwd кросовер има исти офроуд способности како спуштена fwd кола
Филип: сакаш да ти демонстрирам дека не си во право?
Симо: неќам
Тоа е тој клуб.
Значи, јас ниту еднаш не зуцнав дека fwd кросовер има добри офроуд способности. Слушаш Џиџи? Она за што спорам се две тврдења, едно на дени и едно на симо:
1, Дени: само и само до гумите е (не е, граунд клиренсот има во некои ситуации одлучувачка улога)
2, Симо: fwd кросовер има
исти офроуд способности како спуштена fwd кола (не е точно, постојат милион сценарија во кои fwd кросовер ќе пројде ладно, а fwd спуштена кола ќе се копрца)
Симо и Дени на различен начин реагираат кога ќе бидат соочени со неточноста на овие две тврдења.
Симо, класика, со школски пример на straw man аргумент. Почетната теза е сменета малку, за да биде многу лесна за оборување. Па така, почетната теза дека „2wd кросовер има подобри офроуд способности од 2wd спуштена кола“ симо ја смени во „2wd кросовер има добри офроуд способности“ - тврдење кое е многу лесно да се нападне и покаже како неточно (со линкови, со чуда...), но и
тврдење кое никој не го изнесе. Јас не сигурно.
Дени, од своја страна, реагираше со излегување од конвенционалниот „прашање-одговор“ дијалог и ретерирање во иронични одговори, па потоа просто игнорирање на конкретно, лесно одговорливо прашање, а на крај на муфте да го измени почетниот став (тнр. менување на теза). Имено, почетното „само до гумите е“ после неколку страни дебата, одеднаш оп се смени „до све е, сите компоненти имаат улога во офроуд способностите“. Проблемот е што
второто тврдење е дибидус различно од првото.
Кога ги раскажував своите петгодишни офроуд авантури тоа не го правев за да се фалам и за да проектирам argument from authority. Наместо тоа, сакав (неуспешно) да укажам дека многу, многу добро знам во кои ситуации сум блокирал диференцијал за да пројдам и во кои ситуации сум палел 4x4 да пројдам. И во огромното мнозинство од офроуд километри не бил ниту блокиран диференцијалот, ниту бил упален погон на четири. Зошто? Затоа што немало потреба. А од голем граунд клиренс имало потреба скоро секогаш.