За длабок снег, кал и нерамен пат со големи дупки или па длабоки канали потребно е возило доволно високо за да не се насука. Каков сака погон и гуми нека има ако е ниско нема да помине.
За лизгава подлога како мраз, кал, мокра трева, песоки сл. потребни се добри гуми и заклучување на диференцијал. Како ќе се изведе заклучувањето дали со потисни плочи во диференцијалот или со електронски систем кој ја активира кочницата на тркалото што губи контакт и не е толку важно. Во најголем број од случаите без разлика на имплементацијата на производителот ова ќе заврши работа.
За лизгава подлога на удолница или угорница покрај горе наведеното пожелно е да има и погон на 4 тркала. Некогаш и со погон на две можеш да завршиш работа ама потребно е поголем дел од масата на возилото да лежи на погонските тркала.
Пак за крај. Не е важно какви системи имаш или колку ти е високо возилото, со несоодветни гуми на лизгава површина нигде не идеш.