Русите ја имаат направено ладата за снег пошто сите знаеме каква е климата во русија, претежно е снег и ти треба добро теренско возило за да се движиш низ руските степи. Најголемата предност на нивата е тоа што има мало мегуоскино растојание, но и како конструкција на кола е мала, но исто така и преносот кој е преку редуктор и можеш да го блокираш, односно да ја префрлиш во 4х4 погон, плус имаш уште една опција на редукторот, да префрлиш во висок и низок пренос во зависност од теренот кој ке го совладуваш, ако имаш стрмни успони, ставаш низок пренос и тогаш имаш снага од мотор, ама немаш брзина и комотно можеш да совладаш стрмни успони со 2, па евентуално и со 3 степен на пренос. И многу важно, особено ако ја возиш по кал, задолжително крампон гуми
ПС: За подвозјето, ја колку што знам општо на ладите предницата им страда и треба почесто да се проверува.