Да напраам еден апдејт на инфо што се дешава со астрава.
Потрошувачката се намали драматично, дали дека се погоди да возам и на отворен пат и дека надминав 10 000 (еднаш до хрватска, 2 пати охрид, еднаш грчка) и сеа просечна вика 9. Со оваа цифра мислам дека се живее.
Ако некого го интересира, не праи разлика моторов со македонски бензин (од која било бензинска, било 95 било 98 сеедно му е) и грчки бензин, да му стаиш адитиви (октанатори) или да не му стаиш - ништо не праи разлика. Можда и има некој бенефит, али изгледа толку е мал што не се осеќа.
Колава малце ја поднаучив, видов до кај и е лимитот и стварно не е лоша што се однесува до држење на пат, мислам не само што не е лоша туку мислам дека е и супер забавна. Дури некад кога ептен ќе претерам и срце ми застанува и чекам да се деси нешто „недај боже“, колава проаѓа ко од шала. Возев голф 6-ка со убава опрема, нископрофилни, убав мотор (TSI 122 коња) и неможев да сватам зашто по сите ривјуа толку го фалат подвозјето на голфот кога во споредба со астрава дури е смешен - ко да е кола од пред 2 генерации. И заклучоков е од мене што сум пристрасен кон голф и коа го глеам од надвор и внатре стварно ми е неспоредливо најубав во таа класа. А ете, можда ја се научив на астрава па не го контам голфот, незнам.
Ама, тоа крцкањето што го снема сеа пак се појави и тоа не да се појави - стана оркестар! Више незнам од која страна крцка, тропка, цвичи, квичи дури и на рамен новоасфалтиран пат. Ја однесов еднаш на сервис за тоа. Од кај ти крцка викаат? ОД КАДЕ НЕ ВИКАМ, ама највише ми смета од централната конзола. Ок, го средија тоа ставиле некои мали сунѓерчиња и сеа од таму нема звуци. Али затоа сеа од кај брзиномерот, пластиката на средина кај мењачот и наслонот за рака, од позади нешто што неможам да го лоцирам и сеа од вчера најново е што почна тоа кожата од возачкото седиште од нешто да се трља и праи некој звук абе неподнослив.
До толку не ми праи тоа крцкањето ќеф што веќе размислувам да се откачам од неа...