Автор Тема: Промена на H7 сијалица на Алфа Ромео 147  (Прочитано 4832 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Промена на H7 сијалица на Алфа Ромео 147
« на: 08 Август 2012, 19:07:43 pm »
Работа која што на сите ни се случила, е откажување на сијалицата за средните светла. Кај Алфа Ромео 147 средните светла го користат H7 стандардот (исто и долгите). Па еве што ви треба за да ја завршите работата насмеани и како што треба:

1. Пар раце (по можност помали, ако не скалперот)  ;D
2. Заменска сијалица (треба да се има како резерва во секое возило)
3. Мало огледало  ;)

Најпрвин ќе ја отворите хаубата, и ќе го побарате фарот кој што е во нефункционална состојба.



Откако ќе го најдете ќе ги приметите осигурачите на капакот (означени со црвена стрелка) и ќе ги бутнете во правецот на стрелката


Со око или со помош на огледалце, ќе го лоцирате доводот на струја до сијаличката и ќе го извадите нанадвор односно означено како на стрелката



Потоа време е за ослободување на сијаличката од осигурачот, принципот на функционирање кај 147 успеав да го најдам на нет, и со помош на огледало е многу лесно



Откако осигурачот е спуштен (врвот од жицата на горната слика надолу) Н7 сијаличката е слободна, и време е за нова. Во мојот случај јас употребив од Осрам стандардна за 340 ден од Макпетрол. Претпоставувам ова сите го знаете, наважно е да не се допира во никој случај стаклото од истата.



Обрнете внимание на црвената елипса означена на сликата. Поентата тука е дека испакнатиот дел од сијалицата треба да биде свртен нагоре во моментот на ставање на сијалицата во лежиштето.





Ова е најважниот дел во работата, за правилен сноб на светлина, доколку не сакате возачите пред вас или спротивно од вас да се обраќаат по вашите понежни половини, или роднини  ;D  ;D  ;D

Прикачете го осигурачот на сијалицата по обратен редослед, не би требало да употребувате никаква сила, мало притискање и ќе чуете клик. Вклучете го напојувањето и проверете ги светлата. Ако снопот на светло е во ред, ставете го црниот капак, доколку светлото е насочено кој осветлување на небото тогаш повторете ја постапката со порамнување на сијаличката во лежиштето.

Се надевам дека некому ќе му послужи ова. Секакви коментари, забелешки и совети се добредојдени.





Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Промена на H7 сијалица на Алфа Ромео 147
« Одговори #1 на: 08 Август 2012, 19:25:57 pm »
Ги замачкал прстите...

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Промена на H7 сијалица на Алфа Ромео 147
« Одговори #2 на: 08 Август 2012, 19:29:26 pm »
Да не му ги, украде некој отисоците :))))))))))))

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Промена на H7 сијалица на Алфа Ромео 147
« Одговори #3 на: 08 Август 2012, 20:43:13 pm »
Прво се вика фала за објаснувањето,после се друго  :)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Одг: Промена на H7 сијалица на Алфа Ромео 147
« Одговори #4 на: 09 Август 2012, 09:10:02 am »
Јас приватноста си ја сфаќам многу сериозно ;D ;)

„Гледајќи ги лисјата, заборавате да ја видите шумата“  ;)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Промена на H7 сијалица на Алфа Ромео 147
« Одговори #5 на: 09 Август 2012, 09:16:26 am »
Убави фотки, ова во голема мера може да важи и за други возила. Штом не се вади фарот или некој дел како акумулатор или браник промената е доста полесна. :)

Бравос!

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Промена на H7 сијалица на Алфа Ромео 147
« Одговори #6 на: 09 Август 2012, 09:26:11 am »
Свака час!
:)
Ова коа ке супам алфа ке ми биде од корист
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3463
Одг: Промена на H7 сијалица на Алфа Ромео 147
« Одговори #7 на: 09 Август 2012, 10:11:27 am »
Убави фотки, ова во голема мера може да важи и за други возила. Штом не се вади фарот или некој дел како акумулатор или браник промената е доста полесна. :)

Бравос!
Ја радо би  напраил едно туторијалче за смена на сијалица на меган ама појма неам како се мења...

Отсутен tonka1

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: Промена на H7 сијалица на Алфа Ромео 147
« Одговори #8 на: 09 Август 2012, 10:16:20 am »
Ја радо би  напраил едно туторијалче за смена на сијалица на меган ама појма неам како се мења...
За една сијалица мора на сервис да го носиш, ццццц.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Промена на H7 сијалица на Алфа Ромео 147
« Одговори #9 на: 09 Август 2012, 10:42:15 am »
Не е едиснтвен, 100 пати сум го спомнал Stilo-то тука, а 1000 пати сум го пцуел додека сум менувал сијалица.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Промена на H7 сијалица на Алфа Ромео 147
« Одговори #10 на: 11 Август 2012, 22:53:30 pm »
расклопуваш пола мотор за да смениш сијалица хахаха... кај колку коли сум го видел ова... збуричкани до немај каде...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14242
  • Пудингот на шоферството
Одг: Промена на H7 сијалица на Алфа Ромео 147
« Одговори #11 на: 12 Август 2012, 00:13:51 am »
Од менување сијалица до цел туторијал еаго ;D Па и прикривање на отисоци... :D :D :D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D