Автор Тема: Заштита на подвозје  (Прочитано 13436 пати)

Отсутен Darshns

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 147
  • "A smooth sea never makes a skillful sailor."
Одг: Заштита на подвозје
« Одговори #15 на: 14 Јули 2011, 22:33:42 pm »
1. Миење
2. Стругање на корозијата
3. Нанесување на пластобит од поголема далечина ( дали е пожелно на канал)?

Досега не сум ја прскал, немам никакво искуство, ако може некој конкретно да ми ја наведе постапката за заштита на подвозје.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6791
  • French diamond
Одг: Заштита на подвозје
« Одговори #16 на: 30 Октомври 2012, 19:04:18 pm »
Денес нанесен Битумен со четка на подвозјето и на подкрилата. За моја радост подвозје сеуште е здраво, и немаше скапано нигде, исто и подкрилата, и со ова се надевам дека малку ќе придонесам за да остани така и оваа зима. Еве некое сликче од работата
1. Перење на перална - не од канал пошто ми бараја 400 денари само од долу


2. Мачкање со битумен, 2 туби од по 1 кило беа таман



3. И на крај подкрилата
Напред немаше заштита, само пластиката, па ја намачкав убо

А назад си имаше фабричка заштита, јас само нанесов над неа

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14232
  • Пудингот на шоферството
Одг: Заштита на подвозје
« Одговори #17 на: 30 Октомври 2012, 19:11:36 pm »
Рено имаат квалитетен лим и не скапуваат.Многу ретко да видиш Рено со корозија.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Заштита на подвозје
« Одговори #18 на: 30 Октомври 2012, 19:42:10 pm »
^^^

Aуто Билд тест:
Цитроен Ц1, Мерцедес Ц класа стари година до две. Подвозјето покажува знаци на корозија.


Сега да не барам низ списанијата како се викаат али има специјални средства за заштита од корозија, кои се шприцаат на подвозјето.
Препорачливо е оваа заштита да се примени веднаш и на тие кои имаат земено ново возило.



Што е со гаранцијата што ја даваат за возилото дека за толку години нема да јави корозија.

Отсутен GOLF 1 GTI

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 258
  • NO TURBO,NO FUN :))
Одг: Заштита на подвозје
« Одговори #19 на: 12 Ноември 2012, 18:36:58 pm »
Рено имаат квалитетен лим и не скапуваат.Многу ретко да видиш Рено со корозија.
мече јас колку што знам и имам видено нема здрав reno megan на задните полумесеци и задниот дел од прагот.

секоја кола е изложена на скапување.фабриката дава мислам 10 години.на новите коли.е сега некој од новите коли имаат алуминиумски делови кој потешко скапуваат и поцинкована шасија.
затоа се дадени 10 години.
а за заштита на подвозје убаво е секоја година барем по една рака да се испрска со заштита.
прво се пери детално возилото од долу и се остава убаво да се исуши,да нема прашини или кал.никоја заштита не мозе убаво да фати на не исчитен дел.би препорачал  за наш стандард и тоа што може да се најде на пазарот да се заштитат колите со body 950 crn.(ima i bel).
мислам дека е доста по ефикасен од битумен или пластобит.и по еластичен и отпорен на камчиња.
smekeri tuniraju,picke se drogiraju :)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Заштита на подвозје
« Одговори #20 на: 14 Ноември 2012, 23:59:54 pm »
денеска средено подвозјето

дека веќе имаше нанесено кубит,комплетно исшмирглан и исчистен и е нанесен body 910(црн) во 2 слоја

значи постапката би одела вака доколу нема ништо додатно на подвозјето освен фабричката заштита

1.нанесување на анти-рос со крпче по целата површина детално да ги изеде сите точки р'ѓа и оставање 24 саати
2.нанесување на body 910 со четка 2 слоја
3.3-5 години мирна глава :)

е ако веќе има корозирано на некое место,сечење на делчето и ставање ново парче па потоа заштита со body 910 :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14232
  • Пудингот на шоферството
Одг: Заштита на подвозје
« Одговори #21 на: 15 Ноември 2012, 09:33:36 am »
Рено имаат квалитетен лим и не скапуваат.Многу ретко да видиш Рено со корозија.
мече јас колку што знам и имам видено нема здрав reno megan на задните полумесеци и задниот дел од прагот.


Ако не е предходно саниран на некое место,тешко дека ке кородира.Еве и двете Реноа стари по 15+ години немаат точка од корозија.Квалитетен лим имаат.Е сега од увезените,некое удрено па правено,изгребано и сл. можи да се најди со корозија,ама претежно немааѕ мака.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Заштита на подвозје
« Одговори #22 на: 15 Ноември 2012, 10:23:46 am »
Доколку колата нема никаква корозија се става на дигалга вадиш гуми и компел ауспух убаво ја переш со шмрк, ја дуваш да се исуши и после прскаш со пластобил во кој се додава истрошено уље за да има еластичност т.е да не дојде до пукање.
Во спротивно доколку има корозија обавезно антирост, никако со крпче туку со компресор и отприлика ќе требаат 3-4 литри и нека стој така 3-4 саати( немаш потреба 24) после тоа се чисти со нитро исто на компресор. Ако негде уште има коросија четка на брусилица и ќе чистиш. После чистењето се прска со антикорозивна бродска боја па над бојата пластобит или восок
и после секоја зима обавезно перење немаш потреба од ништо друго.

Отсутен Jankula

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Заштита на подвозје
« Одговори #23 на: 13 Октомври 2014, 17:56:01 pm »
Рено имаат квалитетен лим и не скапуваат.Многу ретко да видиш Рено со корозија.
мече јас колку што знам и имам видено нема здрав reno megan на задните полумесеци и задниот дел од прагот.


Ако не е предходно саниран на некое место,тешко дека ке кородира.Еве и двете Реноа стари по 15+ години немаат точка од корозија.Квалитетен лим имаат.Е сега од увезените,некое удрено па правено,изгребано и сл. можи да се најди со корозија,ама претежно немааѕ мака.
Јас моментално ги менувам, тотално се скапани. Дали знае некој каде може да се набават прагчиња и полумесеци за Рено Меган 1997, ми фалат за десната страна а никаде неможам да најдам? Фала и поздрав!
Сакате брза заработка on-line? www.marcy-playground.com - Пријавете се, бесплатно е!

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Заштита на подвозје
« Одговори #24 на: 13 Октомври 2014, 20:50:24 pm »
velas во синѓелич,бројче немам

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6791
  • French diamond
Одг: Заштита на подвозје
« Одговори #25 на: 13 Октомври 2014, 21:18:05 pm »
Добро што ја видов темата, да ве известам дека по 2 години, една ронка се нема изронато од битуменот. Имаше дискусија и тврдење тогаш ко ја мачкав дека лесно се лупи и рони, ама еве да ви кажам дека баш спротивно испадна, исто е како ко ја мачкав.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Заштита на подвозје
« Одговори #26 на: 14 Октомври 2014, 01:38:31 am »
Рено имаат квалитетен лим и не скапуваат.Многу ретко да видиш Рено со корозија.

зависи кое... ако е реното од фрнацуско производство да, нема да видиш трошка корозија... ако е од турција тогаш се сито и решето...

јас имав 2 комада рено 19-ки СHAMDE, тоа ти е француско производство.. мои двајца комшии паралелно со мене имаа по една рено 19-ка ама EUROPA тое ти е турско производство... моите немаа ни трошка коризија уште тогаш (пред 5-6 години) а едното беше со фабричка боја, другото префарбувано.. на комшивее беа СИТО И РЕШЕТО на прагови и на полумесеци... парчиња беа колите... во сообраќјните кога ги гледавме, нивните беа за околу 180 кила полесни... ете го одговорот.. потенки лимови, послаба заштита итн итн,а да се нагласи само дека европа моделот на рено 19 е понов модел од шамадот, за 4-5 години...

моите тогаш ги продадов во тетово и двете... едното на братучедот, другото на зетот негов за сестра... и двајцата ги возат и сеуште немаат ни по една мочана точка кориозија едното беше 91-ва другото 92-ра... збориме за возила кои имаат преку 20 години старост. од комшиите едниот го скрпи и го продаде за бедни пари, а другиот го даде на топење-растурање откако го дрмна на раскрсница тука пред зграда со едно бмв... абе реното се расклопи цело...се испрекрши... имав шанса тогаш да го разгледам малку.. стубот му беше прекршен а од внатре целиот скапан.. истото беше и со каналите кои “би требало“ да бидат појачување на хаубата... такви канали има и на гепекот и на вратите од внатре... абе срање...

значи констатацијата е дека француските возила на рено се одлични... турските се гомна со лимаријата... патката е дека моторите, мењачите, механиката е француска и дека по тоа прашање не се дискутира за квалитет кај турските... само за лимаријата... и некои мали ситници има разлика во изведбата, како на пример дека во турските штеделе на приклучоци и џекови... многу често видов наместо џекче, жиците со леткум залемени на, еве да речеме прекидачите за врата, ама ај за тоа друг пат ке збориме...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3058
Одг: Заштита на подвозје
« Одговори #27 на: 14 Октомври 2014, 09:20:20 am »
како на пример дека во турските штеделе на приклучоци и џекови... многу често видов наместо џекче, жиците со леткум залемени на, еве да речеме прекидачите за врата, ама ај за тоа друг пат ке збориме...

Може а и немора да значи дека каблите се правени во Турција. Можда биле правени на исто место како и каблите за во Франција, но завршната изработка им е послаба.

Затоа и ради муабетот со лимаријата кога биравме кола бегавме од турските седан Мегани, иранските 206 седани и слично. Не убедуваа по салоните дека е исто кога кола склопена во земјата на производителот, и надвор од неа, ама нормално дека не е.

Единствено исклучок на ова правило би направил кај премиум марките - би зел Мерцедес склопен во УСА, или Тојота склопена во УСА на пр. Малце забегав од темата, ај доста е.

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Заштита на подвозје
« Одговори #28 на: 14 Октомври 2014, 14:36:06 pm »
Знам ного меган седани кои се произведенени во турција и немаат ниту една точка корозија. Мислам дека проблемот лежи во начинот на сервисирање на ударите и квалитетот на материјалите кои се користат.

Доколку колата нема претрпено некаков удар, нема никаков проблем со корозијата и нема потреба од никаква заштита.

Во врска со инсталацијата, фабриките порачуваат готови сетови на кабли и сигурно во турција не лемат додека колата е на лента.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Заштита на подвозје
« Одговори #29 на: 14 Октомври 2014, 17:00:28 pm »
кога сме кај француските,ете ја пежојката мада нова е(1999) ама има доста поминато и тоа кај се не била точка корозија нема и покрај ремонтираниот мотор