Рено имаат квалитетен лим и не скапуваат.Многу ретко да видиш Рено со корозија.
зависи кое... ако е реното од фрнацуско производство да, нема да видиш трошка корозија... ако е од турција тогаш се сито и решето...
јас имав 2 комада рено 19-ки СHAMDE, тоа ти е француско производство.. мои двајца комшии паралелно со мене имаа по една рено 19-ка ама EUROPA тое ти е турско производство... моите немаа ни трошка коризија уште тогаш (пред 5-6 години) а едното беше со фабричка боја, другото префарбувано.. на комшивее беа СИТО И РЕШЕТО на прагови и на полумесеци... парчиња беа колите... во сообраќјните кога ги гледавме, нивните беа за околу 180 кила полесни... ете го одговорот.. потенки лимови, послаба заштита итн итн,а да се нагласи само дека европа моделот на рено 19 е понов модел од шамадот, за 4-5 години...
моите тогаш ги продадов во тетово и двете... едното на братучедот, другото на зетот негов за сестра... и двајцата ги возат и сеуште немаат ни по една мочана точка кориозија едното беше 91-ва другото 92-ра... збориме за возила кои имаат преку 20 години старост. од комшиите едниот го скрпи и го продаде за бедни пари, а другиот го даде на топење-растурање откако го дрмна на раскрсница тука пред зграда со едно бмв... абе реното се расклопи цело...се испрекрши... имав шанса тогаш да го разгледам малку.. стубот му беше прекршен а од внатре целиот скапан.. истото беше и со каналите кои “би требало“ да бидат појачување на хаубата... такви канали има и на гепекот и на вратите од внатре... абе срање...
значи констатацијата е дека француските возила на рено се одлични... турските се гомна со лимаријата... патката е дека моторите, мењачите, механиката е француска и дека по тоа прашање не се дискутира за квалитет кај турските... само за лимаријата... и некои мали ситници има разлика во изведбата, како на пример дека во турските штеделе на приклучоци и џекови... многу често видов наместо џекче, жиците со леткум залемени на, еве да речеме прекидачите за врата, ама ај за тоа друг пат ке збориме...