Како што кажува насловот.
На колата ми го изгребаа браникот, некој од членовиве и видоа.
Ако завршам со европски завршам, ако не сам ќе средам се.
Само оваа слика ја имам кај што може малку да се види оштетениот браник, утре ако не заборавам ќе сликнам и ќе закачам подобри.

Сакам да го офарбам цел, браник, бидејќи претходно, на два пати беше гребен.
Имам кој да го фарба,само пред да идам кај него и сакав и тука да побарам совет.
Што мене ме интересира:
1. Од каде да купам боја, сакам да ми кажете место каде би можеле да ми ја погодат точната нијанса?
2. Дали има некоја шифра по која би ја барал?
3. Колку е најмала количина на боја што би можел да земам, односно мене ми треба само колку за еден браник?
4. Што мислите дали се исплати сам да се ебавам со барање бои и чуда (не дека ми е тешко, дури и интересно ќе ми биде), или да ја однесам во сервис и да завшам поедноставно, пошто и така потенок со време не памтам кога сум бил?
Можеби за некој што претходно гледал и се интересирал, ова се глупи прашања, ама кога незнам тоа е ...
Може и да се предомислам, па да ја однесам негде во сервис да ја средат, од работа ми го препорачаа ЈАЈА во Бутел, мада имам искуство и со Толту е сум презадоволен.
Секое мислење е добредојдено.